Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест е невролошко нарушување што доведува до бавно влошување на мозокот, предизвикувајќи проблеми со меморијата и секојдневното функционирање и однесување.
Алцхајмеровата болест е прогресивна болест на мозокот, таа е најчеста кај луѓе постари од 65 год.
Луѓето со алцхајмерова болест развиваат вознемирувачки промени во помнењето, функционирањето и однесувањето, кој постепено се повеќе ќе се влошува.
Овие промени се повеќе влијаат во секојдневниот живот на човекот, намалувајки ја независноста и се така додека конечно не станат целосно зависни од други.
Алцхајмеровата болест има огромно влијание брз старателот на пациентот. Повеќето старатели се блиски роднини на пациентот и ја превземаат одговорноста да се грижат за нив во домашни услови, што е навистина деликатно и исцрпувачки и претставува огромна емоционална и физичка напнатост.
Алцхајмеровата болест ги убива мозочните клетки, што доведува до значително намалување на дисбаланс на мозокот.
Мозочните клетки изумруваат и така во мозокот се акумулира карактеристчен отпад.
10 знаци за рано предупредување:
1– Заборавеност која го нарушува секојдневниот живот.
2 – Намалена способност на планирање и решавање на проблеми.
3 – Потешкотии во вршењето на познати задачи.
4 – Дезориентација во време и простор.
5 – Проблеми со апстрактно мислење.
6 – Проблеми во пронаоѓање на соодветни зборови.
7 – Губење на работите.
8 – Намалено или слабо расудување.
9 – Повлекување од друштвени активности.
10 -Промена во расположението и промена на личноста.
Симптоми
Симптоми на Алцхајмерова болест се појавуваат постепено во период на неколку години и се разликуваат од личност до личност.
Првите симптоми се појавуваат обично како блага заборавеност и конфузија.
Симптомите на алцхајмерова болест може пошироко да се категоризираат во когнитивни, функционални и психолошки промени.
• Когнитивни промени – ослабена краткотрајна меморија (оштетени спомен на неодамнешните настани, губење на работите околу домот, лоша организација), потешкотии во донесувањето на одлуки, сомнително разбирање на времето и просторот, намалена способност да разбираат и проблем во препознавањето на пријатели и членови на семејството.
• Функционални промени – намалена способност за извршување на секојдневните активности како и посложени задачи: тешкотии при ракување со пари, тешкотии во одржувањето на личната хигиена, тешкотии во облекување, нерамнотежа и.т.н.
• Психолошки промени – пациентот ќе развие проблеми во однесувањето и ќе се здобие со ментални нарушувања, со што се зголемува товарот за грижата кон нив.
Подоцна ќе се развие и социјално несоодветно однесување како што се илузии, раздразливост-агресија, депресија -дисфорија и промени во апетитот-начинот кон навиките во исхраната.
На семејството и оние кои се грижат за пациентот особено е тешко да се справат со промените во однесувањето и често тоа е причината за да се пренесе пациентот во установа.
Статистика
Низ светот од деменција боледуваат 36 милиони луѓе ( m2 ). Од оваа болест допрва 28 милиони луѓе ќе бидат дијагностицирани, што значи дека тие имаат пристап до третман, информации и лечење ( m2 ).
Се проценува дека секоја година 4,6 милиони луѓе се идентификувани како нови случаеви ( m3 ).
Со промена кон постарата популација се предвидува дека бројот на луѓето погодени од деменција секои 20 години ќе биде речиси двојно зголемен и до 2050 година од оваа болеста ќе страдаат 115 милиони луѓе ( m2 ).
Алцхајмеровата болест е најчеста причина за деменција, вклучувајќи од 50% до 70% од случаевите.
Трошоците за деменција во светот (604 милјарди долари во 2010 година ) претставуваат повеќе од 1% од бруто домашниот производ (БДП) ( m2 ).
Дијагноза и третман
Луѓе кои се загрижени дека тие или нивните роднини имаат симптоми на алцхајмерова болест, треба да го посетат нивниот лекар и да побараат помош и совет.
Алцхајмерова болест се дијагностицира преку интервјуа со пациенти и старателите, понекогаш тестови на крвта и мозокот.
Постојат голем број на нивоа на проценка која може да се користи за идентификување на симптомите и тежината на болеста.
Постои терапија која помага за ублажување на симптомите на алцхајмеровата болест. Сепак лек за оваа мозочна болест, за жал сеуште не е пронајдена.