Апарагусот го намалува холестеролот!

Уште во стара кина, 3000 години пред нашата ера, еден вид на аспарагус бил особено многу баран како лек против сува кашлица, чиреви и отоци.
Се верувало дека аспарагусот ги ублажува болките во нозете па обилно го користеле при спремање на бањите.
Во Франција, каде го користеле уште од римската ера, аспарагусот бил познат како диуретик, кој има моќ дури и за разложување на бубрежни камења.
А уште од 15 век ова растение го прати посебен комплимент дека има дејство на афродизијак.
За што е благотворен
Иако аспарагусот не е признаен како лековито растение, благотворно дејствува против запек, се препорачува кај слабокрвни лица, се употребува како облог против отоци, одлична храна е за дијабетичари и лица кои зкрепнуваат.
Меѓуоа, најзначајно е неговото диуретично дејство бидејќи помага при отежнато мокрење.
Нутритивна вредност
Актуелните списанија пишуваат како аспарагусот има ниска енергетска вредност, а висока нутритивна вредност со оглед дека е богат со минерални соединенија и витамини.
Најбогат е со калиум, потоа фосфор, сулфур, калциум и магнезиум. Богат е исто и со микроелементи како железо, бакар, цинк, флуор и јод.
Заблуда
Не е вистина дека дивиот аспарагус е поздрав од одгледуваниот, па ниту од оние светлозелени. Нутритивно тие имаат еднаква вредност.