Аритмија на срцето и нејзина превенција

Срцева аритмија, односно неправилно чукање на срцето е секое нарушување на нормалниот ритам на срцевата работа.
Речиси секој човек, порано или подоцна, ќе почувствува некој облик на срцева аритмија, а најчесто слаба палпилација или “прескокнување“ на отчукувањата.
Малите, повремени неправилности од оваа природа, по правило се безопасни. Во случај на зачестена аритмија потребно е да се советувате со лекар.
Срцевите аритмии се делат на две основни групи: тахикардија или забрзано чукање на срцето (симтоми: силен пулс на вратот, “веење“ на срцето, треперење, шумење и чукање во градите, слабост, несвестица, потење, отежнато дишење, збунетост или вртоглавица) и брадикардија, или забавено чукање на срцето (симптоми: умор, отежнато дишење, вртоглавица или губење на свеста).
ЛЕКУВАЊЕ ДОМА
-Во случај на тахикардија, најдобриот лек е мирувањето. Длабоко вдишете и олабавете се.
-Слабо притискање на набабрената каротидна артерија може да го запре нападот на тахикардија.
-При аритмија на преткомората обидете се да примените “вагусен маневар“.
Седнете, свиткајте се во половината кон напред, задржете го здивот и напрегнете се како да сакате да надуете балон. Со тоа ќе ја префлите контролата од симпатичкиот нервен систем кој ги забрзува телесните функции, на парасимпатичкиот нервен систем, кој ги забавува телесните функции.
Лековити билки
Многу видови лековити билки содржат материи што ја поттикнуваат работата на срцето и го одржуваат неговиот нормален ритам.
Некои од нив, како Црвениот напрсток (Digitalis purpurea) имаат многу силно дејство, па затоа не смее да се користат без стручна контрола.
Црвениот глог ( Crateagus laevigata) има послабо, но ефикасно дејство и е најпогоден за самостојно користење.
Црвениот глог предизвикува ширење на крвните садови и ја поттикнува работата на срцевиот мускул, со што ја ублажува аритмијата.
Ставете две до три лажички црвен глог во една чаша зовриена вода. Пијте 4 чаши дневно.
Исхрана
Калциумот, магнезиумот и калиумот имаат голема улога во одржувањето на работата на срцето.
Недостигот на овие минерали може да предизвика појава на срцеви аритмии. (И вишокот може да предизвика тегоби, особено вишокот на калциум).
Магнезиум има во оревите, мешунките, сојата, темнозелениот зеленчук и рибите. Многу видови зеленчук и овошје се важни извори на калиум.
Имајте предвид дека претераното внесување сол или заситени масни киселини, како и диуретици и лаксативи, може да ги намали резервите на калиум и магнезиум во организмот.
Никотинот е стимулативно средство и кај чувствителните лица може да предизвика аритмија.
Превенција
Ограничете ја употребата на кофеин, никотин, алкохол и други стимуланси бидејќи ја забрзуваат работата на срцето.
Намалете го стресот со физички вежби, медитација или друга погодна постапка.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Дали некогаш сте се запрашале како фоките го преживуваат шокот од наглото нурнување во студената вода?
Како и другите цицачи, нив ги штити реакцијата на вегетативниот нервен систем кој моментално ја забавува брзината на срцевата работа.
Ваквата реакција постои и кај луѓето, а може многу да помогне во случај на повремени напади на тахикардија.
Во текот на следниот напад потопете го лицето во студена вода. Брзината на отчукување на срцето веднаш нагло ќе се намали, што може да ја спречи тахикардијата.