Арнолд Класик 2016: Каи Грин предводник на победниците

Во Колумбус, главниот град на сојузната држава Охајо, беше одржано најголемото случување од светот на бодибилдингот.
Овде се одржа вториот по големина бодибилдинг фестивал Арнолд Класика, на кој меѓу другото, се одржа натпревар во осум категории за мажи и жени.
ИФББ ПРО МАЖИ: Каи Грин
По прилично шокантен начин остана без можности да се натпреварува за најголемата награда во светот на бодибилдингот, во септември на г-дин Олимпија се заборавени и големиот Каи Грин во маестрален стил се врати на големата сцена, освојувајќи го ова големо признание.
Така најави и “Предаторот” со својот нов напад на најдоброто место во светот.
Зад Грин останаа Седрик Мекмилан, кој беше награден со сребрен медал и Џошуа Ленартовиц, кој дома си однесе бронза.
Четврт беше Џастин Комптон, а петти Бренч Ворен.
Во продолжение ви ги откриваме и останатите победници:
ИФББ ПРО 212: Хидета Јамагаши
Категоријата до 95 килограми или популарната “212” е освоена од страна на јапонецот Хидета Јамагаши.
Тој зад себе ги остави Жозе Рејмонд и Дејвид Хенри.
Инвалитска количка: Харолд Кели
Харолд Кели победи во оваа категорија пред Лудовик Мерчанда и Габриеле Андрулија.
ФИЗИКУС ИФББ ПРО МАЖИ: Брендон Хендриксон
Што се однесува до машката категорија за фигура, која како и обично беше најмасовна во бројот на конкурентите, трофејот го освои Брендон Хендриксон.
На второ место е Џорџ Браун а трет Џејсон Постон.
ФИЗИКУС ИФББ ПРО ЖЕНИ: Отомн Свенсен
Најмасовна женска категорија исто така беше оваа, првото место го освои Отомн Свенсон послем неа се Даниел Рирдон и Минди Обраен.
ИФББ ПРО ФИТНЕС: Оксана Гришина
Неодоливата Оксана освои уште едно злато во својата фитнес кариера. Втора беше Витни Џонс а трета Бетани Вагнер.
ИФББ ПРО ФИГУРА: Латоја Вoтс
Латоја Вoтс е дамата која за закити со титулата ИФББ ПРО ФИГУРА на овогодишниот Арнолд Класик.
Таа е во финалето ги победи Камал Родригез-Мекклур и Џенифер Стробо.
ИФББ ПРО БИКИНИ: Индија Паулино
Според мислењето на повеќето мажи, најатрактивната женска категорија ПРО БИКИНИ донесе неколку интересни пресметки, од кои победникот ислезе Индија Паулино.
Втора беше Жастин Мунро а трета Џенет Лејунг.