БЕТА КАРОТИНОТ И НЕГОВИТЕ СВОЈСТВА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Тој е растителен пигмент, кој е изолиран во 1830 година од морковот („carrot“), па од таму и потекнува неговото има „каротин“.
Бидејќи човечкиот организам може да го претвори бета каротинот во витамин А, често го нарекуваат и провитамин А.
Останатите каротиноиди не се претвараат во витамин А во поголема количина.
Апсорпцијата на каротиноидите во нашето тело се движи помеѓу 10 и 30 %.
Најзначаен факор кој ја поттикнува апсорпцијата на бета каротинот се мастите, бидејќи каротиноидите се апсорбират само во присуство на жолчни соли.
Влакната од храната ја намалуваат, односно инхибираат апсорпцијата на каротиноидите.
Бета каротенот е моќен извор на витамин А. Тој се претвара во организмот во витамин А, и тоа во зависност од потребите на организмот.
Доколку не дојде до претварање на каротиноидите во витамин А, тие се вградуваат во хиломикроните и одат во црниот дроб.
Во циркулацијата се наоѓаат врзани за липопоротеините. Каротиноидите се складираат првенствено во масното ткиво, но, исто така, се наоѓаат и во црниот дроб, белите дробови и простатата.
Бета каротинот е и познат антиоксиданс, кој делува како заштита на организмот од делувањето на слободните радикали, кои ги оштетуваат клетките на телото и доведуваат до бројни пореметувања и болести.
Исто така, тој го стимулира и одбрамбениот механизам на телото и е потребен за создавање на пигментот меланин во кожата.
Освен тоа, бета каротинот е потребен и за растот на новите клетки и за обновување на ткивата.
Иако не предизвикува несакани ефекти, многу високи дози на бета каротин (над 60 mg дневно) можат да ја обојат кожата во жолто-портокалова боја (ксантоза).
Интересно е да се спомне дека, синтетскиот бета-каротин кај пушачите, може да го зголеми ризикот за рак на бели дробови, па затоа нив не им се препорачуваат дози на бета каротин поголеми од 6 mg.
Лицата кои во подолг период земаат бета каротин, би требале да земаат и витамин Е, бидејќи бета каротинот го намалува нивото на витаминот Е во организмот.
Колку денес ќе внесете бета-каротин во својот организам?
Повеќето од нас и не знаат дека тоа е растителен пигмент, еден од најзначајните представници на каротиноидите.
Каротиноидите се голема група на супстанции кои се широко распростанети во природата.
Бета-каротинот е важен елемент кој претежно го има во храната со портокалова и црвена боја како што се портокалот, дињата, лубеницата, крушката, кајсијата, мандарината, пиперката, тиквата, слаткиот компир, морковот, кикириките, а во зелениот зеленчук го има во: брокулата, блитвата и спанаќот.
Посебно се препорачува земањето на бета-картоинот во летниот период, бидејќи тогаш воглавно созрева овошјето и зеленчукот, кое најмногу го содржи.
Иако не постои точно дефинирана количина на бета-каротин која би требало дневно да се внесува во организмот, постојат бројни студии кои ја потврдуваат важноста на неговото земање.
Потребите за внес на бета-каротен, кои би требало да ги задоволат дневните потреби за овој нутрициент варират, се движат од 10 mg до 60 mg.
Се смета дека денес со храната човекот во просек внесува помалку од 2 mg бета-каротин на ден.
Земајќи го во предвид фактот дека метаболизмот и улогата на бета-каротинот во организмот се тесно поврзани со витаминот А, и имајќи ги во предвид податоците кои говорат дека во САД повеќе од 45% мажи и жени не внесуваат доволна количина на витамин А, можно е индиректно да се заклучи дека и внесот на бета-каротинот е под потребните количини.
Бета-каротинот во организмот се претвара во витамин А, кој е неопходен за регенерација на кожата.
Исто така, според многу истражувања бета-каротинот помага во превенција на многу малигни заболувања, а посебно во превенција на рак на дојката.
Бета-каротенот има жолта до црвена боја, а неговата улога е повеќекратна.
Најпознатата улога на бета-каротинот е врзана за кожата и слузниците. Кожата е најголем орган на нашето тело.
Таа го штити нашето тело од надворешните штетни влијанија, а и слузниците имаат иста заштитна функција.
За да останат кожата и слузниците еластични и влажни, потребен им е витамин А, кој најдобро е да се зема во форма на бета-каротин.
Витаминот А делува и на младите клетки во подлабоките делови на кожата и слузниците, така да тие созреваат и ги заменуваат изумрените клетки од површината на кожата и слузниците.
Ова заштитно дејство на бета каротинот се одразува и на другите органи како што се: белите дробови, цревата, мочните патишта и штитната жлезда.
Општо е познато дека бета каротинот ја штити кожата од опасните УВ зраци од сонцето, па затоа е корисно да се зема бета каротин со храната, неколку недели пред изложување на сонце, а не само преку кремите за сончање, кои го содржат.
Докажано е и позитивното дејство на бета каротинот во превенција на ноќното слепило и фотосензибилнста.
Примената на бета каротинот е забележена при одвикнување од алкохол и при гастрит.