Боранија – најхранлив зеленчук

Боранијата ќе ве нахрани квалитетно и богато, со благопријатна гастрономска и нутриционистичка вредност.
Боранијата е зеленчук од групата на мешункасти растенија како гравот, грапокот, леќата и наутот. Зеленчукот од оваа група е особено хранлив и богат со јаглехидрати и протеини.
Им повеќе видови на мешункасти плодови кои се разликуваат по облик (тесни и округли или широки и сплескани), по големина (најдолгите видови достигнуваат до 25 см) и по боја (од бледожолти и зелени па до дамкасто сиви и виолетови).
100 грама на мешунки содржи дури 90 гр вода, а останатото воглавно се јаглехидрати, протеини и влакна.
Поради ваквиот состав и ниската калоричност често се дел во диетите за слабеење. Се јадат млади мешунки кај кои не се развило зрното.
Во нашите краеви сезоната на свежи мешунки е од јуни до септември.
При купувањето обрнете внимание на изгледот: кората треба да е мазна и цврста, без дамки и оштетувања, а кога ќе ги свиткаме треба да пукнат а не да се свиткаат.
Свежите мешунки можете да ги чувате во фрижидер до три дена, но немојте да ги перете пред спремањето, пишува Тена.
Мешунките добро поднесуваат замрзнување
Мешунките ако добро се подготват и замрзнат може да траат и до две години. На боранијата се отсекуваат краевите и откако ќе се исушат се пакуваат во кеси за замрзнување и се замрзнуваат.
Вон сезоната консумирајте конзервирани мешунки кои не губат многу на квалитет.
Пред спремањето мешунките секогаш исплакнете ги, одсечете им ги краевите со нож и извлечете ги конците.
Најчесто се варат или пржат, но може и да се печат, обично во манџи. Како вариво (варете ги во малку вода) се главно јадење, но одлични се и како состојка во супа, варива со повеќе видови на зеленчук или салати.
Одлично одговараат со различни видови на месо и печурки, а од зачините одговараат со магдонос, копар и ким.
Освежувачка салата од боранија :
За четири лица ќе ви биде потребно :
• 500 гр боранија
• китка ротквици
• 150 гр домати
• 50 мл маслиново масло
• лажица копар
• 2 млади лука
• 2 лажици сок од лимон
• Сол
Боранијата исчистете ја и исецкајте ја, па варете ја во солена вода до 20 мин. Исцедете ја, исплакнете ја со ладна вода и оладете ја.
Исецкајте ги ротквиците и додадете им ги мини доматите и додадете ја боранијата.
Прелијте ја со следните состојки, добро оладете ја и можете да ја служите.
За едноставно варена боранија :
Ќе ви биде потребно :
• 1 кг боранија
• Путер
• Лук
• Кромид
• Масло
• Бибер
Подготовка :
Боранијата исто така исчистете ја и исецкајте ја, па варете ја во солена вода до 20 минути. На масло испржете лук и кромид и додадете го во боранијата. Зачинете со сол и бибер по ваш вкус, поради пикантност на крајот додадете го путерот. Наздравје 🙂