Брза проја со спанаќ и сирење

Најдобриот појадок на светот ! можете да ја конзумирате и за ужина и вечера.
Состојки:
3 јајца
1 шолја јогурт
масло за јадење
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја обично брашно
1 кесичка прашок за печиво
100 гр сирење
100 гр ситно исечкан спанаќ
Подготовка:
Во длабок сад изматете ги јајцата потоа додајте го јогуртот, маслото за јадење, пченкарното брашно, обичното брашно измешано со прашокот за печиво, ситно издробеното сирење, спанаќот и посолете по вкус.
Оставете ја смесата да отстои десетина минути, а потоа ставете ја во подмачкана тава и печете ја пројата на 180 степени околу 30 минути.
Нутритивни вредности на целата проја :
Енергетска вредност: 238 kалории
Протеини: 84 гр
Масти: 43 гр
Јаглехидрати: 12 гр