Брус Ли и неговите мудрост кои може да не направат посилни

Постојат славни личности чии совети на другите “нормални” луѓе во секој аспект на животот може да им бидат пресврт за сила и мотивација за да излезат од своите проблеми и да ги достигнат своите цели.
Еден од нив е познатиот мајстор на боречки вештини Брус Ли.
Освен што ја совлада оваа вештина како ниеден друг од истата бранша и постигна извонредна филмска кариера и стане светски позната ѕвезда, Ли беше и голем мислител, и со голем дел од неговите изјави се согласуваат и најуспешните личности од светот на фитнесот.
Овие неколку цитати од гигантот од Исток, со вистинска примена буквално може да ја унапредат кариерата на секој бодибилдер.
За поставување на граници
“Ако секогаш поставувате лимит на она што можете да го направите, физички или нешто друго, тоа ќе се прошири на остатокот од вашиот живот.
Ќе се прошири на вашиот бизнис, вашиот морал, целото тело. Не постојат граници.
Постојат висорамнини, но вие не мора да останете таму, мора да ги надминете. Ако ве убијат, ке ве убијат. Секој човек мора постојано да преоѓа на следното ниво. ”
Не размислувај те премногу!
“Ако трошите многу време во размислување, никогаш нема тоа да го направите. Направете барем едено одредено движење кон својата цел.”
За вербата и оптимизмот
“Ако мислите дека нешто е невозможно, тоа навистина ќе го направите да биде невозможно.”
Прифатете го поразот!
“Поразот не е пораз, додека не го да прифатите како реалност во вашиот ум.”
Пат до успехот
“Да знаете не е доволно, тоа мора да се примени. Да сакате не е доволно, ние мора да го направиме тоа.”
За подготвување за иднината
“Подготовки за утре се напорна работа денес “.
За мотивацијата во себе
“Сега гледам дека никогаш нема да најдам светлина, освен ако како свеќата сам си бидам свое гориво”.
За вербата во себе
“Песимистите велат дека” човек не може да лета. “Вршителите велат можда но ние ќе се обидеме. “И на крајот полетуваат со утринскиот сјај, додека оние кои не веруваа ги гледаат од долу.”
За вреднувањето самите себе си
“Колку повеќе ги цениме материјалните работите толку помалку се цениме себе си.”