Вашата кожа и исхраната

Кожата ќе ви стане посветла и посвежа ако внимавате што јадете и да избегнувате многу зачинета храна
Исхраната е многу важно за нашето здравје, а од неа зависи и изгледот на вашата кожа.
Иако козметичарите и дерматолозите советуваат дека треба да се негува правилно и да се користат препарати наменети за одреден тип на кожа, мора да ве потсетиме дека ќе блесне и ќе биде поубава боја, ако внимавате што јадете. Затоа неопходно е на некои видови храна да им дадете предност додека на другите треба да ги игнорирате.
Мрсна и осетлива кожа
Избегнувај те маснотии и шеќер, но не сосема да престанете да ги конзумирате. На пример чајот или кафето засладитего со лажичка шеќер или мед.
Наместо бел рафиниран, користете кафеав нерафиниран шеќер.
Проблематичниот тен ќе стане посвеж ако јадете посномисиркино, пилешко или телешко месо. Но се препорачува да се јаде повеќе риба, и многу свеж и варен варен зеленчук.
Интересно е што од овошјето особено се препорачува банана. Од сирењата свежо кравјо, козјо и овчо. Колачи и другите слатки треба да се заменат со јогурт а наместо путер кога се подготвуваат јадења да се користи растително или маслиново масло.
Би било добро салатите наместо со црн пипер, сол и оцет, да ги зачитите со сок од лимон. Вода и природна лимонада нека ви биде замена за безалкохолни и алкохолни пијалоци.
Сува кожа
Пијте многу млеко, јадете пилешко, риба, мисиркино, а понекогаш може да си дозволите и други меса.
Бидејќи вашата кожа нема масти може да си дозволите и сирења, но поради недостаток на влага на вашата кожа обавезно секојдневно пијте еден литар или да вода.
Се препорачуваат и само исцедени овошни сокови од грејпфрут, мандарини и други сезонски овошја. Притоа не треба да се игнорираат компоти, но бидете сигурни дека премногу не ги засладувате.
Зеленчукот на вашето мени е секогаш добредојден, особено зелената салата, спанаќ, магдонос, зелка, блитва, моркови, репка и други видови на зеленчук кои содржат многу вода.