Вежбајте како славните и познатите личности

Сите ние секогаш се прашуваме како познатите и славни позната личности лесно се враќаат во форма после породувањето или пред специјални настани во нивната кариера.
Се разбира достапни им се лични тренери, приватни спортски сали, нутриционисти за кои ние обичните смртници може само да сонуваме – но тоа не значи дека не им требаат неколку добри совети скриени во ракавот.
Ние ви принесуваме некои од омилени совети на славните личности, кои се надеваме дека ќе ви поттикнат желба за вежбање.
Мадона
Иако влезе во петтата деценија од животот, ретко дека ќе видите ѕвезда во подобра форма од неа. Одржува енергични настапи на концерти, благодарение на своите ригорозни 6 x распоред неделно вежбање.
Додека живеела во внатрешноста на Англија имала многу повеќе можности за различни активности во природа отколку што има сега во Њујорк.
Таа неодамна изјави: “Малку мешам пилатес и јога шест дена во неделата. Всушност, недела ми е ден за јавање, затоа немам слободен ден.”.
Но, вистинската тајна на Мадона е Power Plate уредот. Ова вибрирачко чудо наводно ги обезбедува сите бенефиции на долга прошетка во рок од само 15 минути.
Единствениот проблем е што чини 15 000 илјади долари.
Дениз Ричардс
Враќање во форма по породувањето е исклучително тешко и предизвик, но Денис Ричардс успеа по раѓањето на второто дете за само 4 месеци да се изгуби 14kg.Секое утро, станувала во 5 часот и со личен тренер одела во теретана, кревала тегови и практикувала кардио вежби. Денис вели дека нема ништо невообичаено во тренинзите на повеќето познати личности, тие само имаат неверојатна мотивација да го прават тоа.
Рис Витерспун
Омилената девојка од соседството, Рис е уште еден симбол позната мајка која брзо по породувањето се врати во форма. Избегнуваше тешки вежби и наместо тоа се запишала на Кундалини Јога.
За само 8 недели го врати својот изглед. Таа исто така здраво се храни и се занимава со многу активности на отворено.
Ума Турман
Кога дојде време да ги намали килограмите по раѓањето на бебето, разви план за вежбање.
Ѕвездата на филмот Убиј го Бил го искористи знаењето на боречки вештини.
Благодарение на овие агресивни тренинзи, Ума успеа да изгуби 12 клилограми во 6 недели.
За остатокот од нас, мечување, а не една од опциите што можеме да ги тренираме во локалните сали за кик-бокс.
Бритни Спирс
Во бременоста ја зголеми тежината, но веднаш по породувањето од исхраната ја исфрли пржена храна и ја замени со порции од овошје и зеленчук.
Најдобриот совет што може да го понуди Бритни е танц. Секој пат кога ќе оди на турнеја нејзиното тело целосно се трансформирана благодарение на танц-рутините кои ја враќаат во форма.
Ферги
Може да се забележи нејзиниот изглед дека е резултат на напорни тренинзи и посветеност.
Пејачката тренира четири пати неделно: трчање 3-4 км, кревање тегови, стомачни и исчекор.Затоа има одлични резултати во својот изглед.
Хали Бери
Бонд девојката и жената мачка изгледа фантастично. Со посебен режим на исхрана бидејќи има дијабетис тип 2 и секојдневен тренинг со инструктор, ги постигнува и одржува резултатите за својот изглед.