Вежбање за време на бременоста

Не е невообичаено бремените жени да го избегнуваат вежбањето. Тоа е погрешно, особено ако се бавеле со спорт пред бременоста.
Вежбањето за време на бременоста, помага во одржување на телесната тежина, како и кај болки во грбот и нозете и имаат позитивен ефект врз расположението.
Активноста при бременоста го олеснува пораѓањето, бидејќи мускулите се цврсти и го забрзува опоравувањето по породувањето.
Се разбира, не треба да претерувате!
Ако вежбите се под надзор на лекар, можете да почнете да вежбате по завршувањето на првото тромесечје.
Стомачните се дозволени до 20 недела од бременоста.
Вежбање во тек на бременоста има бенефиции за вас и за вашето дете.
Овие ефекти се поврзани со малите проблеми со кои обично бремени жени се соочуваат, како што се болки во грбот, кожата, констипација, дијабетес …
По подвижни штом сте нема драстично да ја зголемите телесната тежина.
Со вежбањето во текот на бременоста ќе обезбедите себеси полесно пораѓање, а бебето ќе ви биде посмирено и посилно.
Повеќето бремени жени го избегнуваат вежбањето. Проблемот е во недостатокот на едуцираност. Често ќе слушнете совет: “. Бремените жени треба да јадат за двајца”
Ова е апсолутно погрешно! Вистината е дека бебето превзема од телото на мајката витамини и минерали потребни за неговиот развој.
Ова не е причина за прејадување во текот на бременоста, туку за промена на начинот на исхрана, кои вклучува здрава храна.
Жените кои се во раната фаза на бременост вежбаат, често се откажуваат од нивните активности по појавата на гадење и чувство на блага исцрпеност.
Сепак, вежбање не го предизвикува овој феномен, па дури и ги ублажува симптомите кај бремените жени.
Препорака на Центарот за контрола на болести и превенција, кој е основан од страна на американскиот Конгрес на акушери и гинеколози е 30 минути на умерена физичка активност.
Тоа не мора да биде тренингот во теретана и не е неопходно да се вежба секој ден.
Тука спаѓаат и шест до седум дена во неделата прошетка или пешечење или било која комбинација на умерена физичка активност.
Потребно е претходно да се консултирате со лекар.
Предупредувачки знаци за време на вежбањето
Ако забележите некој од овие знаци, одма да застанете со вежбање: вртоглавица, изразена слабост, главоболка, отежнато дишење, контракции, вагинално крварење (или друга течност).
Затоа, препораки за бремените жени се физичка активност 30 минути на ден. Не мора да вежбате 30 минути во континуитет.
Можете да направите три сесии од 10 минути, или два од по 15.
Секој бременост е индивидуална и за состојбата на бремените жени и вежбањето треба да се консултирате со лекар.
Ако бременоста е уредна и без компликации кои бараат мирување, може да изнајмите и личен тренер кој ќе ви покаже вежби за бремени жени, или ќе ве приклучи во групни тренинзи.