Вежби за истегнување

Кога ќе се разбудите, кои се првите активности што ги правите? Што правите после долгото седење или стоење на работа?
И уште многу други слични ситуации, кога нашето тело завзема статична положба или правиме нешто исто. Свесно или несвесно, се истегнуваме! Зошто?
Колку и да звучи банално, при секојдневните активности, телото ни праќа знаци кога треба да му ги олеснеме движењата и функционирањето.
Во голем број случаеви тоа го правиме автоматски, освен ако не се занимаваме со спорт или некоја друга рекреација кога вежбите за истегнување имаат некаква цел како за почеток така и за завршување на тренингот.
Позитивното чуство кое го имаме после истегнувањето придонесува за:
• Подобрена циркулација
• Намалена мускулна напнатост
• Забавување или спречување на дегенеративните промени на зглобовите со тек на старост
• Превенција од повреди при секојдневни и спортски активности
• Олеснети движења
Клучни делови на телото на кои треба да обрнете внимание за време на вежбање се зглобовите на половината, колковите и рамената.
Тоа е така поради сензибилноста на овие делови и склоноста кон повреди.
Еве неколку совети:
• Постепено растегнувајте се, без да се јави јака болка
• Задржете се во позиција во која се осеќате пријатно 15-30 секунди
• Дишете споро, што подлабоко, се додека не стане отежнато
• Концентрирајте се на делот од телото кој го истегнувате затоа што на таков начин постигнувате поголем ефект
• Истегнувајте се што почесто, кога времето и обврските ви дозволуваат
Постојат различни видови на истегнување. Секое од нив има своја предност и техника на изведување.
Исто така постојат голем број на вежби кои треба да ги примените одвоено, за спортски, рекреативни и превентивни цели.
Затоа, прво обратете се за совет кај стручно лице.
Флексибилноста на зглобовите т.е телото има големо влијание врз развојот на коскениот и мускулниот скелет кај децата од најрана возраст па се до најстара доба како превентива.
Ваквиот вид активности не одзема многу време, а може навистина да ви помогне!