ВЕЖБИ ЗА СИЛНИ ПОДЛАКТИЦИ

Подлактиците се едни од најзапоставените групи на мускули во теретаната.
Кога мислите на мускулите на раката, многу од вас мислат на бицепсите и трицепсите, но раката за да изгледа совршено, важно е да правите и вежби за подлактицата.
Оваа група на мускули е многу отпорна како и мускулите на раката и често може да ја направите со висок интензитет.
Комбинирате ги со вежби за бицепс и трицепс но ако тоа не ви одговара, споите ги подлактиците кон друга група на мускули.
Вежби за подлактиците се прават со едноставни движења на дланките, бидејќи ако ги правите вежби со користење на лактите во многу помала мера ќе ја оптеретите подлактиците.
Постојат многу вежби за оваа мускулна група, но сите се сведуваат на ист мали движења на рачниот зглоб.
Иако овие мускули во голема мера за време на тренингот напрегаат целосно различни мускулни комплекси, особено рацете, ние ќе ви презентираме вежби кои се исклучиво за подлактицата.
Вежбите за подлактица може да се поделат на вежби во кои дланките се поставени нагоре и вежби во кои дланките се свртени надолу (ова не се единствени начини на вежбање за подлактицата но се најчести.)
Прва група на вежби:
Кога дланките се свртени надолу, вежбата ја изведувате со нежно подигнување на тегот исклучиво со дланката, тогаш во голема мера се напрега т.н. ‚‚fleksor carpi ulnaris‚‚ или мускулите на горниот дел од надворешната страна на вашата подлактица.
Втора група на вежби:
Кога ќе ја свртите дланката спротивно на лицето, вежбата која ја извршувате повеќе го напрегнува внатрешниот дел на подлактицата. Тука се наоѓаат т.н., “екстензори” на мускулите.
Не ги запоставувајте овие мускулни групи и почнете да ги вметнувате овие вежби во вашата тренинг програма.