Вежби за трицепс за посилни раце

Сакате да имате посилни и развиени раце? Ова може да се постигне со вежбата со наслов ” Dumbell floor ” потисок или потисок со рачен тег но на подот.
Како и потисок на клупа само што оваа вежба се изведува на подот, наместо на клупата.
Оваа вежба овозможува две придобивки кои ги градат мускулите:
1. Ги ограничува вашите движења ставајќи акцент на трицепсите наместо на градите и рамената;
2. Ви овозможува да користите поголеми тежина за разлика од изолациските вежби.
Опис на вежбата: Легнете со грб на подот. Земете ги рачните тегови во двете раце во висина на рамена. Движењето ви е полукружно зад рамената со теговите односно не ги допирате рамената ниту подот а потоа се враќате во првобитната положба.
Краен резултат: Вашите раце многу потешко и по напорно ќе работат, и на тој начин ќе се зголеми мускулната маса на трицепсите.