ВЕСЛАЊЕ СО ШИПКА ВО ПРЕТКЛОН (BENT OVER BARBELL ROW)

Мускули на кои примарно делува оваа вежба: Сите категории на грбните мускули
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: рамена
Кога се прави оваа вежба? – Во почетната фаза на тренингот на грб.
Примете ја шипката во ширина на рамената (или малку пошироко од ширината на рамената) и навалувате го вашето торзото (свиткајте го телото) напред под агол од 45 степени во однос на подот или речиси паралелно со подот (така да шипката ви биде некаде на ниво на колената).
Прицврстете го грбот а шипката нека виси во целосно испружени раце.
Подигнете ја шипката вертикално нагоре, така што да го допрете долниот дел од градите односно горниот дел од стомачните мускули.
Грбот мора да ви биде прицврстен и со свиткан труп (долниот дел на грбот никогаш не треба да ви биде заоблен) а колената благо свиткани.
Држете ја шипката така што дланките да ви бидат свртени надолу (overhand).
Ако шипката ја примите во ширина на рамената или помалку од ширината на рамената подобро ќе го опфатите централниот внатрешен дел на латимусите додека поширок зафат подобро влијае на надворешните латимуси.
Ако шипката ја подигнувате кон нивото на долните мускули на градите тогаш ќе бидат подобро опфатени горните латимуси и трапезиуси, а ако ја подигнувате шипката на нивото на стомак (да го допира стомакот) тогаш подобро се опфаќаат долните латимуси.
Меѓутоа ако ја подигнувате на нивото на стомакот, тогаш е подобро шипката да ја фатите така што дланките да бидат свртени нагоре односно со потфат.