Вишната – легендарно овошје

Вишната е плод кој е познат уште од античките времиња. Била една од омилените овошни дрвја на Римјаните, Персијците и Британците а подоцна се рашири низ целиот свет.
Нутриционистите истакнуваат дека вишната е чудо од овошје, содржи се што ви треба за телото да остане здраво и витално.
Ние ќе се потрудиме да ги дознаете сите бенефиции од вишната.
Краток нутриционистички состав
Вишната има неверојатни лековити својства. Таа е богата со витамини, а највеќе содржи витамин А, Ц, Е и фолна киселина.
А најмногу од минерали содржи калиум и магнезиум.
Исто така содржат солидна количина на железо, диететски влакна и фенол.
Вишната против воспаленија и болка
Интересно е кај вишната што навистина содржи и докажано е дека има анти-воспалителни ефекти. Вишната е многу делотворна кога станува збор за хронични воспаленија.
Делотворна е за мускулни воспаленија, остеоартритис, ревматоиден артритис и слично.
Интересно е тоа што научниците докажаа дека дваесет вишни дневно го ослободува телото од болка исто како да сте испиле аспирин или било кој друг лек против болка.
Научниците спроведоа студии со кои докажаа за позитивните ефекти од вишната врз здравјето на луѓето.
Група на волонтери конзумирале 250 грама вишни секој ден цели две недели.
На крајот на студиите се направени голем број на тестови, каде што е докажано дека овие испитаници имале значително помали воспалителни процеси, им се нормализирало нивото на холестерол и триглицериди, што е доказ дека вишните се делотворни и во состојба на хиперлипидемија.
Вишна – вистинскиот избор за стари лица
Вишните се полни со антиоксиданси кои цврсто го чуваат на нервниот систем и го спречуваат оксидативниот стрес.
Особено важи за постарите луѓе, бидејќи тоа значително го намалува ризикот од нервните-дегенеративни заболувања.
Вишна – за смирување и добар сон
Вишната е една од ретките овошја која содржат мелатонин, природен хормон кој го регулира спиењето.
Нашето тело нормално го лачи овој хормон во текот на ноќта поради што полесно заспиваме.
Поради ова вишната спаѓа меѓу ретките плодови кои се конзумираат за да се смири и регулира спиењето.
Мелатонинот е ефикасен против симптомите предизвикани од менопаузата, па затоа вишните се одличен избор за жените кои влегуваат во менопауза.
Лековити својства на вишната
Покрај овие, ние ви откриваме и краток список на други работи за кои вишната дава позитивен ефект:
– Вишната го храни и штити мозокот
– Вишната го намалува ризикот од дијабетес
– Вишната помага кај проблеми со бубрезите
– Вишната го подобрува варењето на храната
– Вишната е одлична за губење на тежината
– Вишната го штити срцето
– Вишната го штити уринарниот тракт.
Ова е сè само еден мал дел од позитивните ефекти што вишната ги има врз вашето здравје.