ВЛЕЧЕЊЕ НА ЛАТ МАШИНА ЗАД ГЛАВА СО ШИРОК ЗАФАТ (WIDE-GRIP PULLDOWN BEHIND THE NECK)

Мускулите на кои вежбата примарно делува: Сите категории на грбните мускули
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: рамена.
Кога да ја правите оваа вежба? – На почеток на тренингот на грб.
Земете ја со натфат (прстите насочени кон подот) шипката од лат машината со широк зафат (околу 15 см поширок од ширина на рамената) или точно на местото каде што шипката кај потпирачот за раце е свиткана кон долу.
Затегнете го вашиот долен дел на грбот и целосно испружете ги рацете. Поставете ги бутовите под држачот за нозе.
Нежно повлечете ја шипката надолу се до моментот кога шипката го допира горниот дел од грбот т.е трапезиусот.
При ова движење (во задна позиција) затегнете го грбот што е можно повеќе и исправете се, притиснете го латимусот во оваа последна точка на вежбата така што лактите ќе ги движите надолу и наназад што е можно повеќе.
Под целосна контрола на мускулите на грбот полека вратете ја шипката во стартна позиција.
Грбот мора во тек на целото движење да остане затегнат и исправен. Главата ви е насочена нанапред односно гледате напред.