ВЛЕЧЕЊЕ НА ЛАТ МАШИНА ПРЕД ГЛАВА СО ШИРОК ЗАФАТ И ПОТФАТ (UNDERHAND WIDE-GRIP PULLDOWN)

Мускули на кои вежба првенствено делува: Сите категории на грбните мускули (особено надворешниот дел)
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: задно рамо и задниот горен дел на вратните мускули.
Кога се врши оваа вежба? – Во првичната фаза од тренинг на грбот.
Шипката на лат машината ја земате со потфат (прстите кон телото) со широк зафат во ширина на рамената или малку пошироко.
Стегнете го вашиот долен дел на грбот и целосно испружете ги вашите раце.
Поставите ги бутовите под држачот за нозе. Внимателно повлечете ја шипката надолу и до горниот дел од градите.
При ова движење (во задна положба) затегнете го грбот што е можно повеќе, односно исправете се и стиснете ги латимусите во оваа последна точка на вежбата така што лактите ги движите надолу и назад колку што можете повеќе.
Под комплетна контрола на мускулите на грбот полека вратете ја шипката во стартната позиција.
Забелешка: при влечење на шипката не правете нагли движења, ниту премногу да се потпирате назад (макс 5-10 степени наназад).
Грбот во текот на целото движење останува цврст и исправен.
Кога трупот за време на изведба на вежбата е вертикален повеќе се опфаќаат надворепшните латимуси додека со навалување на торзото околу 30 степени назад повеќе влијае (долниот дел) на латимусите.