ВОЗЕЊЕ РОЛЕРИ-ОДЛИЧНО ХОБИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Има една физичка активност која ние жените ја сакаме, која не е проемногу напорна а притоа е забавна, и може да биде многу брза. Станува збор за возењето ролери.
Секоја девојка излгеда убаво на ролери. Мускулите на задникот се затегнуваат, листовите и бутовите исто така. Тоа е физичка активност која е посебно благонаклонета за критичните делови од женското тело.
Како и секоја кардио вежба, се подразбира дека треба да трае минимум 30 минути.
Ако сте поченик, бирајте стази кои не се премногу брзи и комплицирани и каде што нема многу гужва.
На секои неколку стотина метри спуштете се во полуклекната состојба, за да дополнително ги ангажирате саканите мускулни групи а тоа се задникот и мускулите на нозете.
Ако сакате малку поинтензивен кардио тренинг, тогаш бирајте стази кои иамат неколку угорници со наклон не поголем од 12%.
Почесто внесувајте спуштање во полуклекната состојба, со што значително ќе си го отежните возењето, а со самото тоа и ќе го зголемите интензитетот на тренингот.
Со умерено возење на ролери ќе потрошите околу 400 калории за еден час, а со интензивно возење можете да потрошите и до 600 калории, што претставува одличен кардио тренинг.
Ролерите се идеален начин истовремено да тренирате и да се дружите со пријателките, па искористете го времето за тренирање и уживање.