Вообичаени грешки на дамите при тренинг на задникот

Она што за мажите е тренинг на бицепс и гради, подеднакво висок приоритет на дамите им претставува задникот.
Токму поради големата желба за голем и јасно видлив напредок што е една од причините за донесување на серија грешки и заблуди при правење на овие вежби.
За навистина да може да се постигне посакуваниот напредок, од суштинско значење е признавање на лажните митови и создавање на точна слика на патот до успехот.
Многу кардио вежбите помагаат во топење на масните наслаги на задната ложа и задникот
Научните ставови се јасни во тоа дека парцијално губење на мастите едноставно е невозможно.
Затоа, бесмислено е да се верува на зборовите на луѓе кои тврдат дека го затегнале задникот едноставно вежбајќи на степер, лента за трчање, возејќи точак…
Се разбира, ова не значи дека кардио вежбите треба да се исфрлат од програмата за вежбање, или едноставно треба да се знае што треба да се очекува од нив и тренингот да го усогласите според тоа.
Пребарување по “специјални” вежби
Само една или две конкретни вежби за да се изгради прекрасен задник, едноставно не постојат.
Затоа, вистинскиот пристап за постигнување на оваа цел е само комбинација на неколку вежби кои ќе го развијат задникот и задната ложа.
Вежбите што ги активираат овие мускули се мртво кревање, ‘рбетна екстензија, чучњеви, исчекор и други.
Овие вежби ќе ви дадат добри резултати само ако ги комбинирате, затоа што не може да очекувате од еднада направи чудо.
Фокусирање на задникот и игнорирање на задната ложа
Не само што не е можно вака да го изолирате задникот туку и само нив да ги вежбате со голем успех, туку е нелогично, и далеку од естетски аспект да се запостави задната ложа и да се зголеми само задникот.
Со самото правење на вежби за задната ложа, неизбежно ќе биде да се активираат и мускулитена задникот, а баш оваа област треба да биде опфатена со секоја можна вежба која ви е на располагање.