ВО КОИ НАМИРНИЦИ ИМА НАЈМНОГУ ПРОТЕИНИ?

Ние сите знаеме дека треба да консумираме протеини и дека тие навистина помагаат во градењето на совршено тело, но проблемот се јавува кога ќе треба да се најде храна која содржи многу протеини.
Ви откриваме неколку намирници богати со протеини.
Би сакала да напоменам дека дневната доза зависи од вашата возраст, пол и интензитетот на тренинг 2-3 грама протеини на секој килограм телесна тежина.
Можете да вежбате колку што сакате но ако не внесувате доволно протеини или ги внесувате премногу побавно ќе напредувате.
Дадените вредности се однесуваат на 100 грама на производот:
Mесо:
Свинско месо: 16-20 гр
Јагнешко месо: 18-20 гр
Телешко месо: 18-21гр
Говедско месо: 17-21гр
Зајачко месо: 23 гр
Пилешко месо: 19-22 гр
Ќуркино месо: 21-23 гр
Зеленчук:
Кале (Кељ): 5 гр
Зелка: 5 гр
Магдонос: 4 гр
Кикирики: 25 гр
Грав: 22 гр
Соја: 35 гр
Jајца:
Јајце во прав: 45 гр
Овошје:
Бадем: 18 гр
Kakao: 20 гр
Oрев: 15 гр.