ГЛУТАМИН – АМИНО КИСЕЛИНА КОЈА СТИМУЛИРА МУСКУЛЕН РАСТ

Глутаминот е аминокиселина која природно се наоѓа во мускулите.
Глутаминот има главен дел во масата на мускулните клетки и во производството на природен хормон за раст.
Најпотребен е после напорни и интензивни тренинзи кога организмот има најголема потреба од глутамин, односно има многу поголема потреба во однос на тоа колкаво количество на глутамин може самиот организам да создаде.
Глутаминот се употребува тогаш за да се спречи разградување на мускулното ткиво како резултат на неговиот недостаток.
Глутаминот делува и на намалување на воспалението на мускулите и ги стимулира мозочните клетки – подобрувајќи ги концентрацијата и паметењето.
Глутамин е една од најзастапените амино киселини. Таа е вклучена во синтезата на протеините и игра важна улога во хидратацијата на мускулните клетки.
Од голема полза е оваа амино киселина во нашиот организам, таа ја поддржува мускулната функција.
Придонесува во протеинската синтеза (мускулниот раст), анти-протеолитички функции (го спречува распаѓањето на мускулното ткиво) и го зголемува ефектот на хормон за раст.
Глутаминот може да биде од голема корист за спортистите кои учествуваат во спортови каде силата, брзината, и / или издржливоста се од суштинско значење.
100% чист глутамин се препорачува за: Тимски спортови, бодибилдери и поединци кои преферираат тежински тренинзи.
Глутаминот инаку:
-Значително ја подобрува регенерацијата
-Стимулира мускулен раст
-Го зголемува нивото на енергија
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Како додаток во исхрана земете земете една доза (околу 5гр) три пати на ден, со вода или сок.
Секогаш консултирајте се со лекар пред да употребувате било каков диетски додаток.
ЗАБЕЛЕШКА:
Немојте да го користите во комбинација со други додатоци во исхраната, лекови, храна, кои се сметаат за стимуланси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Како додаток во исхрана наменет е само за да се консумира од страна на здрави возрасни лица од 18 години и постари.