Големиот Каи Грин и неговите мудрости

“Предатор” е прекарот зад кој се крие можеби најголемиот бодибилдер на денешницата – Каи Грин, дечко кој што без разлика се уште ја нема освоено титулата Мистер Олимпија во светот има веројатно повеќе фанови од шампионот.
Овој гигант, чии зборови се повредни од злато и кои може да бидат моќно средство за мотивирање, не само за бодибилдерите туку и за сите луѓе во целина, за познатиот магазин Flex зборуваше за најважниот т.н таен фактор за стимулирање на раст на мускулите.
“Што е тоа? Што е тоа што некои луѓе го имаат, а други едноставно го немаат? Некои луѓе едноставно секој пат кога ќе ги видите тие се изгубени во бизнисот, едвај може да се поздрават од што се фокусирани.
Со месеци после тоа, тие почнуваат да читаат резултатите а вие ќе кажете “Еј, што правите?”.
Тие одеднаш стануваат луѓе со кои сакате да зборувате, бидејќи мислите дека имаат тајна “.
“Што и да е тоа, доаѓа од внатре. Тоа е оној погон што ни кажува: “Го посакувам тоа толку силно што ќе направам се за да го исполнам-секој ден, да му се приближувам се повеќе и повеќе и својот сон да го претворам во реалност”.
Тајната е секогаш дел од нас . Дел од сите нас. ”
“Секој може да го има тој погон, тоа не е нешто што треба да се купи, не нешто по што треба некаде да се оди, ниту пак е нешто што мора да се направи.
Тоа е нешто што треба да го извлечете од себе.
Треба да го најдете на хард дискот и да го користите за да се движите низ секој тренинг, со цел да ја направите вистинската дисциплина, да јадете добро, правилно да спиете и да направите се што ви е потребно со цел да растете од ден по ден, година по година. ”
“Вистинската тајна е ова: Ние сите ја поседуваме оваа тајна што нас не води напред.
Едноставно мора да ја пронајдете во себе а потоа да развиете навика за да ја користите успешно “, вели големиот Каи Грин.