Грешки кои ги прават дури и луѓето кои внимаваат на исхраната

Луѓето кои го направија првиот чекор и објавија војна на масните наслаги, и лесно почнаа да ја намалуваат својата телесна маса, обично сеуште прават грешки кои го успоруваат патот до посакуваната телесна форма.
Вакви грешки прават дури и луѓе кои имаат големо ниво на знаење за целиот проблем и во продолжение проверете кои нутриционистички грешки се оние кои најчесто се поткрадуваат во исхраната.
Низок внес на протеини за појадок
Протеините се едни од најефикасните “горива” што треба да се внесат во телото на почетокот на денот, бидејќи заедно со влакната кои се среќаваат во сложените јагленохидрати е најквалитетно задржување на чувството на ситост во текот на денот.
Нема потреба да се објасни изнаоѓање на начини за да се избегне постојаното чувство на глад за време на диетата, кој е коренот на сите саботирани успеси.
Големината на оброците
Ужините навистина се ефикасен помошник во борбата против жестокото чуство на глад што води до пропаст, но луѓето кои “внимаваат” обично премногу често прават грешка што се рефлектира во количината на нивната ужина.
Една рака бадеми не е исто што и две составени раце во кои може да има и до 200 грама, што всушност претставува еден вистински оброк.
Салати за ручек
Препорака дека салатите треба да се постават на централно место на менито, во борбата со тежината би можеле да бидат многу ефикасна работа.
Меѓутоа, обично овде не зборуваме за какви салати, од кои состојки и во кои количини.
Ако ставите во неа повеќе авокадо, повеќе сос и маслиново масло, тогаш од калориска страна ја преминувате црвената линија, и би од тој аспект “салатата” ќе се претвори во класичен оброк.
Изоставајте јаглени хидрати во вечерните часови
Ова е многу честа грешка, во која наместо да уживате во јаглехидрати, луѓето ја зголемуваат количината на храна која е богата со протеини.
Сепак, ако математички го анализираме проблемот, ќе сватиме дека 200 грама пилешки гради содржат повеќе од 350 калории.
Ако порцијата ја преполовиме и во чинијата да додадеме 100 грама ориз, дури и ќе се намали внесувањето на калории за околу 70.
Во оваа насока треба да се смета и да се прават пресметки.
Избегнувајте ја омилената храна бидејќи е “лоша”
Повеќето луѓето за нивна омилена храна имаат некои од намирниците што не се за фалење со позитивни хранливи својства.
Сепак, целосно отстранување од најомилената храна од менито може да се опише како лудило, бидејќи копнежот за неа не само што води до лоши чувства, и на крајот се кулминира со “убивање” на калориите и пораз на диетата.
Затоа, ако пицата ви е омилена храна, понекогаш треба да вклучите едно парче во вашиот оброк, намалувајќи го пропорционален износ на останатите планирани намирници.
Обидете се да пронајдете најдобра диета
Скокање од диета на диета, успех со една, враќање на уште поголема тежина, па дегустација на нова, маѓепсан круг во кој многу луѓе го поминуваат целиот свој живот.
“Најдобра диета” не постои и никогаш нема да постои !
Сето тоа се сведува на внес на помалку калории отколку што е потребно за да се одржи сегашната телесна тежина, а кога еднаш ќе сфатите каде е границата, дури и јадење на храна како и порано, но во точно одредени количини, може да биде најдобара диета.