ГРЕШКИ ШТО ВИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ КИЛОГРАМИТЕ

Дали се обидувате да се ослободите од вишокот килограми но сето тоа без успех?
Дали некогаш сте се запрашале зошто не слабеете иако се правите по ” рецепт ”?
Нашиот тим ќе ве запознае со 5-те најчести грешки што луѓето ги прават обидувајќи се да изгубат на тежина.
1. За да намалите на тежина не смеете да јадете масти- НЕ !
Со цел диетата да ви биде успешна потребно е 20-30% од дневните калории да ги внесувате од масти.
Во мастите се наоѓаат витамини кои му се потребни на телото, исто така, мастите ви се потребни затоа што со нивното избегнување останувате гладни и постои поголема шанса дека поради глад ќе прекршите диетата.
Малку масти нема да ве убијат, ќе ви помогнат да ги постигнете своите цели, но не надминувајте ја препорачаната дневна доза на масти.
2. Избегнување на оброци- НЕ!
Една од најчестите заблуди е дека не треба да се јаде за да се изгуби на телесна тежина.
Ваков обид на слабеење може да доведе до сериозни нарушувања на телото и метаболизмот.
Вакви диети обично завршуваат со метаболички нарушувања и обемно здебелување
За да може телото нормално да функционира едноставно треба да се внесуваат хранливи материи, она што доведува до саканиот број на килограми е вистинскиот избор на храна а не нивно избегнување.
3. Може да јадам колку сакам ако вежбам- НЕ!
Тренингот секако влијае на сопствениот изглед и здравје но, формулата за успех е правилната исхрана + редовно вежбање.
4. Стомачните вежби го намалуваат стомакот- НЕ!
Постојат многу видови на вежби за стомачни и некои вежби се многу ефикасни, но не во елиминирање на стомакот.
Овие вежби помагаат да се формираат стомачните мускули но да се отстрани салото од стомакот потребни се тренинзи за отстранување на салото а не тренинзи за формирање на мускули кои се наоѓаат некаде далеку под салото.
Исхрана, кардио и тренинг со тегови се она што ви треба, стомачните мускули се помалку важни, додека имате вишок килограми.
Ова не значи дека не треба да ги правите, треба, но не очекувајте дека од нив ке изгубите килограми.
5. Овошје за вечера- НЕ!
Овошје е добро да се јаде повремено но не во вечерните часови.
Овошјето содржи многу шеќер кое ако го внесувате во вечерните часови може да биде фатално за вашата линија.