Грицкајте здраво помеѓу оброците!

Да каснеме нешто “од нога во брзање” одамна е дел од нашето секојдневие. За да бидат работите уште полоши, најчесто ваквите оброци се неквалитетни, калорични и без корисни хранливи материи.
Истражувањата покажаа дека 95% од жените и децата секој ден јадат најмалку еден оброк во форма на пица, крофни, чипс и слични грицки. Брзите оброци “од ноге” не се непотребни, бидејќи гладот не може да се игнорира, но треба да избира поздрава храна. Пет помали оброци е секогаш подобра опција од три големи. Најголем дел од индустриската брза храна и закуски е богата со шеќер или едноставни јаглехидрати и сол, масти, засладувачи, адитиви означен со буквата E. Од друга страна се нуди алтернатива која што на многу луѓе не им е многу вкусна. За среќа, овие не се единствените две опции. Храната што е вкусна и здрава бара малку повеќе напор и волја. Најдобра алтернатива за пица, чипс и други “суптилни отрови” дефинитивно е свежо овошје и зеленчук, и е одличен потег ако секогаш со себе имате неколку парчиња тврдо овошје или зеленчук. Посебно е корисен свежиот зеленчук дури и видови на зеленчук кој што во нашите краишта не сме навикнати да ги конзумираме свежи како што се карфиол, брокула, грашок, грав, печурки и тиквички. Овој зеленчук е многу вкусен и здрав. Затоа, ние препорачуваме да подготвите салата од неколку видови на зеленчук, кои можете да ги носите со себе во мала кутија со капак. За подобрување на вкусот може да се обидете со различни зачини како суво грозје, бадеми,ореви …. Направете сендвичи со интегрален леб или пециво, со повеќе видови на свеж зеленчук, со малку немасна урда или сирење (може да се најде и моцарела сирење со помалку масти). Впрочем, ако немате вишокот тежина, нема потреба да се избегне полно масното сирење.
Ако ви се допаѓаат преливи за зеленчук, одлична комбинација може да се направи од јогурт, оцет, доматно пире, зачини, маслиново масло … и неколку тврдо варени јајца е во ред, бидејќи иако јајца имаат холестерол тие содржат многу квалитетни состојки. Ако не можете баш без мајонез, секогаш користете само светли сорти меќутоа користете го поретко.
Во последниве години, во нашите продавници може да се купи конзервирана грав, и многу видови на житарици и зеленчук може да се одгледуваат и во домашните градини.
Ако сте желни за “парче на месо во сендвич”, туна, сардини и пилешко или мисиркино бело месо на скара се најдобар избор. За прелив за риби наместо мајонез најздраво е да се користи маслото од конзервата (туна, сардини, скуша –се цеди маслото), со многу додатоци како на пример кашкавал, свеж кромид, лук, магдонос, билки, тофу, јогурт, варени јајца). Се става во миксер и се добива одличен прелив.Овој прелив можете да го чувате во фрижидер и да го употребите неколку пати.
Интегрален леб со сос од риба со додавање на ротквица, краставици, домати, пиперки, зелје итн, е многу здрав сендвич кој одлично изгледа и за око. Храната е уживање, дури и изгледот е важен, и по вкус секогаш може да се додадат зачини. Маринирани сардини, скуша,инчини,папалини, и други риби воглавном сина риба,не се скапи а се вкусна домашна верзија на брза храна. Сардините се печат во рерна (околу половина час на 180-200 степени целзиусови), да бидат прелеани со врела вода, вино, оцет, кромид, лук и зачини по вкус – бибер, лимон парчиња, рузмарин, босилек, магдонос, ловоров лист, генерално сите медитерански билки … Зависи од вкусот, кромидот може претходно да се испржи во маслиново масло. Сардините се сервираат во порцелански сад и да се додаде преливот. Вака спремени може да стојат во фрижидер најмалку една недела. Вака маринирана рибата може да се јаде како и конзервираната риба. Брзањето е најчест фактор каде лугето посегнуваат по грицки. Наместо слатки и грицки можете да земете суви кајсии,сливи,смокви или друго тропско или свежо овошје. Го има рефус во сите супермаркети и така наместо да купите чипс посегне те по ореви, бадеми, сончоглед или семки од тиква (да не се пржени во масло и солени ). Сушено овошје и семиња се обично богати со есенцијални масни киселини, но не претерувајте количински поради тоа што сепак тоа е доста калорична храна. И парче интегрален леб со мед и една чаша млеко или овошен сок се добар избор. Желбата за сирење, сепак, може да биде задоволена ако јадете брокула, затоа што на вашето тело она што навистина му треба е калциум.Избегнувајте газирани пијалоци, најдобро е да ги замените со кисело млеко, овошни сокови, млеко, овошни јогурти,природна лимонада,чаеви…последните се пијалоци кои најчесто се пијата засладени затоа можете да додадете мед или кафеав шеќер. Ако сте неизлечив сладокусец тогаш домашното какао или чоколадното млеко можете да го пиете со мед или кафеав шекер но доколку имате проблем со тежината никако. Доколку не можете да издржите без индустриските чоколади тогаш најфино е да ги смените со ориз,житарки,мед и други здрави додатоци,објаснува Тпорталот.