Густи сок од овошје и зеленчук за детоксикација

Искористете ги предностите на пролетта на вистински начин, консумирајте овошје и зеленчук во големи количини за да го зајакнете имунитетот и така ќе го победите пролетниот заморот.
За овој пијалок ви е потребно:
500 гр јаболка
500 гр дуњи
500 гр моркови
1 лимонтус
Овошјето и зеленчукот се мијат и се варат во вода за да омекнат. Потоа ги ставате во блендер.
Спреме те сад во кој ќе го ставите овошјето и зеленчукот, и прелијте со 5 литри вода и додадете го лимонтусот.
Сокот треба да зоврие. Кога ќе биде готов, сипете го во топли шишиња кои претходно сте ги измиле. Важно е да бидат суви и топли.
Ставете ги шишињата во шпајз, и оставете ги да отстојат еден ден. Сокот се пие ладен.
Нутритивни вредности: 535 калории, 4 гр протеини, 77,5 гр јаглехидрати, 0 гр масти
Можете да додадете кафеав шеќер или мед за да го засладите, исто така можете да си направите од овој сок во помали количини.