Дали од гликемискиот индекс зависи нашето здравје?

На полиците на западноевропските земји, се повеќе и повеќе се наоѓаат прехрамбени производи на чија декларација се наведува гликемиски индекс, ГИ(GI). Зошто е тоа важно? ?
Храната може да биде заслужна за нашето добро здравје или за негово влошување. Целата приказна започна во 1981 година кога Давид Џенкинс и неговите соработници од одделот за храна на Универзитетот во Торонто го открија гликемискиот индекс. Поконкретно, во крвната група на волонтери забележале различно покачување на крвниот шеќер ( гликоза ) По конзумирањето на различни видови на јаглехидрати и намирници. Го утврдиле следното: кога јадеме прости шеќери во крвта ни се акумулира поголема количина на шеќер отколку кога внесувама сложени шеќери.
Но тоа не е све. Сите сложени шеќери не се подигнуваат шеќерот во крвта во мали размери! Јаглехидратите или шеќерите, науката ги дели на едноставни (моносахариди) и сложени (полисахариди). Едноставните шеќери (моносахариди) понатаму неможат да се разложат на помали шеќерни единици и тука спаѓаат гроздовиот и овошниот шеќер. Сложените шеќери (полисахариди) се составени од мноштво едноставни шеќери.
Индекс и оптоварување
Зошто е важен гликемискиот индекс ? Од што зависи и што значи кога е низок или умерен,и што значи кога е висок?
Гликемиски индекс GI е мерка која зборува за количината и порастот на шекерот во крвта откако ке се конзумира одредена храна. Поконкретно, тој индекс го споредува шекерот во крвта откако ке се внесе некој оброк по некои стандарди на чист гроздов шеќер (гликоза) или бел леб! Според магазинот “Доктор во куќата”, GI ГИ вредност на храната зависи од голем број фактори, од типот на шеќер што се крие во него, количината и видот на диетални влакна кои го чинат, присуството на протеини и масти, но исто така и за време на неговата подготовка и готвење. Така намирниците што содржат растителни влакна како на пример гравот, имаат низок гликемиски индекс, а оние кои се богати со одредени видови на скроб компирот на пример, имаат висок гликемиски индекс,чија што вредност е многу поголема кога компирот е печен !
Гликемиско оптоварување GO е продукт на гликемиски индекс и износот на шеќер што ја содржи одреден оброк. Поради тоа ГО е подобар показател за влијанието на храната за зголемување на нивото на шеќер во крвта. Единственото објаснување ни го дава морковот кој има висок процент на ГО а претставува мало гликемиско оптеретување по оброкот заради тоа што содржи мало количество на шекер. Храната која има висок ГИ обезбедува побрзо снабдување со енергија по спортски активности.
Кој продукти колкав индекс содржат ?
Низок ГИ: јаболка, портокали, круши, праски, грав и леќа, тестенини, интегрални житарки, мешунките, агруми, јогурт, млеко
Умерен ГИ: мед, џем, сладолед, варен ориз, грозје, банани
Висок ГИ: глукоза, бел леб, пченкарни снегулки, печени компири, суво грозје, бонбони, колачи.
.