Десет супернамирници кои што ке го сочуваат вашето здравје !

Со начинот на исхраната може да го сочувате вашето здравје,да го успорите процесот на стареење.Јадете ленено семе,пиј те црно вино и грицкајте црана чоколада.
Темното чоколадо го намалува крвниот притисок, црвеното вино е лек за циркулација,лененото семе успешно го забавува стареењето, се вели по сите списанија и весници.
Познатиот британски нутриционист Мајкл Ван Стратен, објавил книга Superfood, Superfast ( Суперхрана,Супербрза )која веднаш стана многу барана да се прочита.
Авторот објаснува на кои намирници да им се даде предност и како од нив да се спремат здрави оброци. Прво, со цел да се направи здрав начин на исхрана,да се подобри лошата здравствена состојба и да се забави процесот на стареење.
Мајкл Ван Стратен во својата последна книга (од вкупно 20 објавени книги за исхрана до сега) на читателите им открива листа од 10 намирници кои што треба да се конзумираат секој ден:
Грав
Не штити од срцеви заболувањ,лоша циркулација и рак на дебелото црево,иако од него популарно се подготвуваат чорби, супи и салати, обидете се да направите еден поинаков рецепт.
Тоа е вегетаријански оброк подготвен од адук мешунки (азуки грав), модар патлиџан, пиперки, тиквички, кромид и домати. Насецканиот зеленчук се вари 40 мин во малку вода,кога ке омекне , се цеди и се прелева со сос од соја, 3 сецкани чешниња лук, 2 мали лашички ореово масло,сок од пола лимон.
За да биде повкусен гравот се додаваат печени индиски ореви и сецкан кориендер.
Лук и кромид
Благодарение на уникатниот состав,тоа е зеленчук со одлична заштита од болести на срцето и можен пораст на холестеролот.
Затоа се препорачува да се конзумира секојдневно чешне лук а во текот на 3 недели внес на четири главици кромид. Но, не секогаш како свеж зеленчук туку и во вид на сосови и во супите и чорбите.
За да го подготвите испржете сецкан лук,каранфилче и мала главица кромид.За неколку минути ке добиете карамелизиран сос со пикантен вкус.
На исечениот лук може да додадете јогурт,кој се меша со лажица маслиново масло, лажичка вински оцет и малку црн бибер,овие состојки добро се мешаат ,се прави одличен сос и вака се служи.
Во вишокот од сецканиот лук лук можете да додадете сецкани краставица,со неколку листови од нане,малку кари и лути пиперки. Добивате салата со интересен вкус.
Лимон и лимета
Иако овие видови на цитрусни овошја имаат антиканцерогено дејство и лек се за третирање на заболување на дишните патишта,сепак ретко се користат за спремање на главни јадења.
Затоа крајно време е да почнете да ги употребувате.
Доволно е да се купи риба сабјарка или лист риба, да ги посипете со оригано, да ги полеете со маслиново масло и лимон и сок од лимон. На рибата ставете две или три парчиња од лимон,покријте го со фолија и печете 15 минути во добро загреана рерна.
Исто така од сокот од лимон и лимета можете да направите одличен коктел кој што можете да го конзумирате наутро. За да го подготвите ви требаат 2 децилитри топла вода во кои што ке додадете нарендан ѓумбир,сок од исцеден лимон и лимета,малку цимет и црвен бибер.
Ленено семе
Бидејќи се богати со омега-3 тие се одлична заштита од малигни и срцеви заболувања. Затоа лененото семе е одличен додаток ако на менито немате риба. Сепак дневно треба да внесуваме лажица или две од лененото семе.
Најпрепорачливо е да се внесуваат наутро со снегулки во јогурт или млеко,а за ручек или вечера да се додава лененото семе во салатите.
На пазарот исто така се нуди ленено масло но тоа никогаш не се користите за готвење и пржење.
Црно вино
Секој ден треба да се пие по една чаша црвено вино така организамот го обезбедуваме со фенол или антиоксиданс кој ефикасно нè штити од болести на срцето и ни овозможува одлична циркулацијата.
Впрочем тоа се потврдуваат и резултатите од неколку испитувања,кои што тврдат дека со редовно конзумирање на црното вино (доволно е една чаша на ден) за 30 проценти помал е ризик од смрт предизвикана од болести на срцето.
Исто така црното вино се користи и како додаток во некои јадења, сепак се препорачува да се пие по главниот оброк.
Темно чоколадо
Таа е вистински рудник на витамин Б, магнезиум и железо,исто така помага да се разбие стрес,депресија иго намалува високиот крвен притисок. Темното чоколадо од неодамна се смета како антиоксиданс.
Би било одлично ако внесувате 5 декаграми на ден. Две или три коцки чоколадо содржи 70 до 80 проценти какао.
Шипка
Иако шипката е едно од најстарите познати овошки сепак долго време не се користи на менито во исхраната.
Содржи биофлавонид-супстанца која го штити човечкиот организам од рак-три пати повеке од зелениот чај и грозјето.
Идеално би било да се конзумира по една чаша сок од шипка или да се јадат по неколку плодови од неа секојдневно.
Црвена зелка
Доколку докторите дијагностицираат анемија,инфекција на дишните патишта или некоја кожна болест тогаш се советува да се конзумира црвената зелка.
Независно од овој совет црвената зелка е многу здрава и препорачлива намирница богата е со сулфур и железо, како и брокулата,келерабата,карфиолот има антиканцерогени својства. Најпрепорачливо е да се јаде како салата со јаболков оцет и масло.
Хранливата вредност на црвената зелка ќе дојде до израз кога се сервира во комбинација со рендана зелена и бела зелка,кромид, рендан морков и кисело јаболко.
Ореви
Оревите се јаткасти плодови извор на вредни масни киселини познати како Омега-3. Тие се ценети антиоксиданси кои помагаат во процесот на памтење и на побрз начин да ги ислечиме сревите болести.
Затоа се препорачва секојдневно да се конзумира по една рака ореви независно од тоа дали се додаваат во слатки или солени оброци.
На пример сецканите ореви можете да ги додадете во житарките наутро а послем ручекот може да ги сервирате со јогурт и лажичка мед и да ги послужите како десерт.
Ѓумбир
Ѓумбирот ја поттикнува циркулацијата,ги шири крвните садови и е вистински мелем за болни зглобови. Иако има љут вкус секој ден треба по малку да се внесува,и тоа не само рендан како додаток на азиските специјалитети.
Може да се направи и сок од ѓумбирот. Наутро се пие со додавање на сок од морков, спанаќ и цвекло.
Сокот од ѓумбир се пие како лек против настинка и повраќање. Исто така го нарекуваат чистач на крвта.
Доволно е да се наренда и во комбинација со лажичка мед да се помеша со топла лимонада.