Детоксикација на организмот со Смути од морков и јаболко

Пристигнува пролетта, детоксификација е потребна на организмот. Ни пристигнуваат убави денови, свежо овошје и зеленчук, како и пролетниот замор.
Најздраво е да се јаде свежо овошје и зеленчук, но понекогаш е добро да се има и претходно подготвен пијалок.
Како што се препорачува да се пие вода со лимон секое утро по будењето, исто така е здраво да се пијат овошни сокови и пијалоци од зеленчук пред појадокот или наместо утринско кафе.
За овој пијалок ви е потребно :
– 500 гр јаболка
– 500 гр моркови
– 10 грама мед
– 4 чаши вода (800 мл)
Убаво измијте ги јаболката и морковите, исчистете ги и изрендајте ги или користете миксер.
Потоа, во 8 мл врела вода, додадете ги јаболката и морковите, се варат 15 минути, на крајот додадете го медот.
Важно е смесата да биде подеднакво густа и добро да се меша во текот на готвењето.
Откако ќе биде готов напитокот, истурете го во стаклено шише и ставете го во фрижидер.
Пијте го 30 минути пред јадење по една чаша.
Нутритивни вредности:
470,4 калории
6,3 гр протеини
25 гр јаглехидрати
0,17 гр масти.