Диетална торта со јагоди и банани

Непечена торта од банани и јагоди е вистинско освежување во топлите денови. Можеме да јадеме онолку колку што сакаме, бидејќи нема шеќер, ниту страв дека ќе добиеме килограм повеќе.
Состојки:
За основа :
- 3 банани
- 2 чаши замрзнати јагоди
- 1-3 лажици кокосово масло (незадолжително, но ова ќе го направи покремасто)
Надворешен крем:
- 2 чаши индиски ореви
- 2 чаши урми
- 1 излупен портокал
- 2 лажици стопено кокосово масло
- вода, ако е потребно
Подготовка:
За основата : Ставете ги бананите во блендер, а потоа додадете ги замрзнатите плодови и блендирајте додека маста не стане глатка. Во помал калап за торта ставете ја смесата. Во фрижидер, замрзнете ја се додека не стане цврста.
Крем слој: Измешајте ги сите состојки во блендер додека масата не стане глатка, додавајќи малку вода ако е потребно. Колку помалку вода ќе додадете, содржината ќе биде повеќе кремаста. Користете поголем калап за торта, внатре ставете го замрзнатиот слој и потоа нанесете го крем слојот на двете страни и на врвот. Замрзнете ја до цврста состојба, декорирајте, исечете и уживајте! Чувајте ја во фрижидер.