ДИЕТА ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Постојат методи и диети кои можат да ви помогнат во борбата против целулитот.
Антицелулитната диета се заснова на разновидните и богати вкусови, а резултатите се гледаат многу брзо.
Антицелулитната диета е одлична бидејќи помага при слабеење на оние места каде што тоа е најпотребно.
Внесот на калории се ограничува на 1200 дневно, а слабеењето не е доволно за да се ослободите од целулитот, затоа што него можете да го победите со одредени видови намирници и со телесна активност.
Постојат три елементи кои треба да ги внесувате во организмот, а тоа се калиум, витамин „Ц“ и сумпор.
Сите тие помагаат да ги отстраните штетните материи кои придонесуваат до појава на целулит.
Сумпорот можете да го најдете во намирниците како што се месото, рибата, јајцата, млекото и сирењето.
Калиумот го има во доматите, компирот, млекото и житарките. Витаминот „Ц“ кој помага во производството на колаген го има во јагодите, цитрусите, брокулата и останатиот зелен зеленчук.
1 ДЕН
Првиот ден за појадок испијте чаша јогурт, една мала лажица мед, овесни снегулки и една кришка леб. За меѓуоброк изберете 40 гр суво овошје.
Ручекот започнете го со пилешки гради во сос и ориз.
Следниот меѓуоброк е портокал, а навечер изедете салата со шунка. Додајте 60 г.зелена салата, 50 г.интегрален леб, едно варено јајце и 4 лажици сок од портокал.
2 ДЕН
Вториот ден може да почнете со вкусно фрапе од 125 гр банана и 150 мл млеко.
Ручекот е време за тестенини во сос од печурки. Искористете 200 гр печурки, лук, 40 гр тестенини, 20 гр мелени ореви и две лажици кисела павлка.
Меѓуоброкот е ист како првиот ден. За вечера изедете салата во која ќе додадете една лажица оцет, 3 лажици сок од портокал и една кришка интегрален леб.
3 ДЕН
За појадок издете 150 дл млеко, една лажица овесни снегулки, две лажици мед и 250 гр маргарин. Меѓуоброкот е ист како и првите два дена.
Следниот оброк е ручекот кога треба да консумирате супа од зеленчук. За вториот меѓуоброк изедете едно јаболко.
Вечерата нека се состои од салата од пилешко месо и 60 гр марула, 200 гр тиквици, малку сол, бибер и 3 лажици кисела павлака.
4 ДЕН
За појадок изедете фрапе од 100 гр манго и 150 дл млеко. Следува меѓуоброк со 40 гр сушено овошје. Комбинација 2 филти риба, 40 гр ориз и 200 мл супа од зеленчук е добитна комбинација за ручек.
За вториот меѓуоброк изедете интегрално печиво со 20 гр шунка. За вечера јадете интегрално печиво со салата од шампињони.
5 ДЕН
Наутро изедете едно исечено јаболко со една лажица овесни снегулки и малку сок од лимон. За меѓуоброк 40 гр суво овошје.
Ручекот е време за свински врат, половина пиперка, краставица и 50 гр интегрален леб.
Вториот меѓуоброк е половина ананас. Навечер изедете 100 гр варена брокула, 200 гр морков, 250 гр зелена салата, 40 гр интегрален леб, две мали лажици немасна кисела павлака и сок од портокал.
6 ДЕН
Шестиот ден почнете го со лажица овесни снегулки, киви и јогурт. Следува меѓуоброк со 40 гр суво овошје. За ручек изедете омлет со спанаќ.
За меѓуоброк изедете 2 листа салама од мисирка и 50 гр интегрален леб. Навечер издете оброк од соја.