Диета со брокула

Оваа диета ќе ви помогне да ослабите 7 – 9 килограми за 10 дена. Самото мени вклучува пет промени на таканареченит режим.
На пример : Првите два дена првиот режим, следните два дена вториот режим и така до крајот кога завршувате со петиот режим.
Првите 6 дена од оваа диета се клучна фаза, а двата следни режими се додаток.
Намирниците опфатени со оваа диета се одличен извор на витаминот Ц, кој го забрзува метаболизамот и го потикнува слабеењето.
Брокулата е една од најкорисните зеленчуци и според истражувањата содржи големи количини витамини и минерали.
Брокулата е еден од најдобрите извори на калциум кој има многу важна улога во слабеењето.
Вклучувајќи ги брокулите во секојдневната исхрана ќе бидете поздрави, повитални и секако, повитки.
План на оброци за диетата со брокула
Диетниот план на оброци за диетата со брокули содржи разни видови на намирници : моркови, компир, риба, црвено месо, месо од живина, домати, `ржан леб , зеленчук, кисел крем, црн пипер, маслиново масло, кромид.
Може да пиете обична вода, минерална вода а понекогаш и немасни млечни напитоци.
Прв режим – ден 1 и 2
Појадок: 200 гр. варена брокула со сол, 1 – 2 шољи црн чај без шеќер.
Ручек: 150 гр. варено пилешко и 250 мл. благо посолена пилешка чорба. Како додаток 100 гр. варена брокула со сол.
Вечера: 250 гр. варена брокула со сол, 1 – 2 шољи црн чај без шеќер.
Втор режим – ден 3 и 4
Појадок: Динстани брокули на маслиново масло со додаток на пиперка и лук.
Во подлабока тава за пржење ставете маслиново масло, 200 гр. брокула, едно исецкано парче лук, една исецкана пиперка и малку сол.
Динстајте 20 минути поклопено на тивок оган.
Ручек: Динстани брокули на маслиново масло со домати и кромид. Во тава за пржење ставете маслиново масло.
Ставете 150 гр. брокула, половина главица кромид со средна големина, два исецкани домати и малку сол.
Динстајте 20 – 25 минути поклопено на тивок оган.
Вечера: Исто како и појадок.
Трет режим – ден 5 и 6
Појадок: Салата од брокула, кисело млеко со намалена масленост и варено говедско месо.
Варете 100 гр. говедско, помешајте го со 100 гр. исецкана брокула и додадете 2 лажици кисело млеко со намалена масленост и малку сол.
Една чаша кефир со намалена масленост ќе го комплетира оброкот.
Ручек: 200 гр. обарена брокула во малку посолена вода. Ставете ја брокулта во лонец со вода која врие и варете не повеќе од 5 минути.
Вечера: 150 гр. варено говедско месо малку посолено, 1 чаша чиста вода.
Четврти режим – ден 7 и 8
Појадок: 100 гр. варена брокула, 2 меко варени јајца, една шоља црн чај без шеќер.
Ручек: Супа од брокула. Во 300 мл. пилешка супа додадете 100 гр. брокула, малку магдонос и малку сол. Варете на тивок оган 20 минути.
Вечера: 2 парчиња `ржан леб, еден домат, 100 гр. варена брокула, една шоља сок од домати.
Петти режим – ден 9 и 10
Појадок: 100 гр. варена брокула со сол и два обарени моркови.
Ручек: 100 гр. варена брокула со сол, 100 гр. обарена риба (може да користите било кој вид на риба).
Вечера: 200 гр. варена брокула со сол, еден варен компир со лушпа.
Диетата со брокула ги содржи сите состојки кои ќе ви помогнат да ослабете и да го одржите јакиот имунолошки систем, што гарантира дека изгубените килограми нема брзо да се вратат.