ДИЕТА СО НАМАЛЕНО КОНЗУМИРАЊЕ НА ВОДА

Оваа диета е радикален начин за намалување на тежината и се состои од делумно намалување на конзумирањето вода.
Траењето на оваа диета е 5 дена и за тоа време може да се намалат и до 4кг.
Кога станува збор за сувата диета тоа практично значи конзумирањето на вода да се ограничи на 5 дцл чиста вода дневно ( 2 чаши ).
Диетата на кратки патеки е безбедна (никако за време на екстремно топли денови !!!) затоа што овошјето и зеленчукот кои обилно се јадат содржат големи количини течност.
Предностите на оваа диета се оценети не само од страна на спортистите, туку и од жените кои имале масни наслаги.
Имено, тие со оваа диета го губеле тоа што најмногу им сметало – масните наслаги.
Иако времето покажало дека сувата исхрана е штетна по здравјето ако се применува подолго од пет – до седум дена, таа често носи одлични резултати односно може да се намалат 4 килограми.
Пример на план за исхрана за еден ден:
– 2 шољи од било каква каша, варена без сол, шеќер и маст.
– 300 – 400 гр салата од зеленчук, без масло.
– 400 – 500 гр од било кое овошје
– 100 гр сирење или 100 гр посно месо или 1 шоља млеко или јогурт
– една средна варена риба
Немојте да јадете солено, слатко, димено и генерално не се препорачува да се јаде многу…
Најголем недостаток на сувата диета е нејзиниот краткорочен ефект.
Од масното ткиво тешко се ослободуваме, но кај оваа диета тоа полека се враќа.
Интересно е да се напомене дека постои и друга верзија на оваа диета која е уште поригорозна а во буквален превод се нарекува „сув пат“ каде што 5 – 7 дена се јаде само варен интегрален ориз со можност за пиење 2 – 3 шољи зелен чај.
Макробиотичарите се колнат дека оваа диета не само што ги намалува килограмите туку и лечи со интензивна детоксикација.