Диета со туна

Оваа диета помага без голем напор да изгубите 1,5 кг за 3 дена.
Звучи одлично, зарем не?
Па да видиме како изгледа оваа диета накратко …
Основни информации
Диетата со туна се држи три дена а потоа четири дена нормално се јаде (секако без претерување) и така се повторува циклусот.
За време на диетата секој ден задолжителна е порција туна.
Во текот на оваа диета дозволено е да пиете чај, црно кафе и вода.
Редовното конзумирање на туна има позитивен ефект на телото, затоа што таа содржи доста витамин Д, омега – 3 масти (до 50 проценти се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, се подобруваат функциите на мозокот и помага во намалувањето на тежината).
Туната е богата со витамини и фосфор. Таа содржи многу малку масти и речиси и не е потребно да се зачинува, освен со, кој сака, неколку капки лимон.
Мени:
Прв ден
Појадок: 1 шоља црн чај или кафе, 1/2 грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам)
Ручек: 100 – 150 гр туна во салата со рукола, парчиња помала краставица, шери домат и по желба лажица обарен наут или пченка, 1 шоља црно кафе или чај.
Вечера: 100 гр варено говедско месо, 200 гр динстана боранија, 200 гр рендан морков со неколку капки лимон, 1 шоља црно кафе, чај или вода за пиење.
Втор ден
Појадок: 1 шоља црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана
Ручек: 200 гр туна, 5 крекери, 1 шоља кафе, чај или вода за пиење
Вечера: 200 гр грилувани пилешки гради, 100 гр морков на пареа, 200 гр брокула на пареа, 1 банана, мала чинија пудинг од ванила (100 гр), 1 шоља црно кафе или чај.
Трет ден
Појадок: 1 шоља црн чај или кафе, 5 крекери, 30 гр сирење, 1 јаболко со средна големина
Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 шоља црно кафе или чај
Вечера: 200 гр туна, 100 гр обарен морков, 100 гр карфиол на пареа, 1 круша со средна големина, мала чинија пудинг од ванила (100 гр), 1 шоља црно кафе или чај.
Напомена:
– Пилешкото и говедското месо може да се замени со туна.
– Оброците распоредете ги така што вечерата да биде околу 18:00 часот а после тоа веќе ништо не јадете.
– Задолжително е триесет минутно брзо пешачење секој ден.