Докажано: Вежбањето е лек против депресија!

Многу долгогодишни зависници од фитнес, сала и кревање тегови, нивното секојдневно вежбање во полусериозен тон го нарекуваат терапија и дека во тоа има вистина, сега докажа и науката.
Всушност, една студија спроведена на Универзитетот во Калифорнија, јасно покажа дека вежбањето го зголемува нивото на невротрансмитери во мозокот, всушност оние кои им недостасуваат на луѓето кои страдаат од депресија и анксиозност.
Ова е потврдено со магнетна резонанса, низ која поминаа 38 волонтери, кои биле подложени на вежба со возење велосипед 20 минути, по оваа активност беше забележан пораст на невротрансмитери во мозокот.
Невротрансмитери како глутамат и ГАБА, што докажано се активираат со вежбањето се хемиски елементи кои му овозможуваат на мозокот да комуницира со телото.
Покрај тоа ГАБА или гама амино маслена киселина е одговорен за полесно справување со стресот, како и за подобрување на квалитетот на спиењето.
“Депресивно растројство се карактеризира со намалени нивоа на ГАБА и глутамат а нашето истражување покажа дека вежбањето помага во обнова на овие невротрансмитери”, објаснува Ричард Медок, професор по психијатрија и бихевијорални науки, кој исто така беше предводник на истражувањето.
Тој нагласува дека се надева дека сега резултатите од неговите истражувања ќе им помогнат на лекарите и пациентите за сериозно да ја сватат врската помеѓу вежбањето и менталните нарушувања.
Затоа ние искрено ве советуваме да започнете со некоја фитнес активност, пред се од многу здраствени причини а една од нив е токму оваа “барем нема да бидете депресивни” 🙂
Можете да се занимавате со фитнес, пилатес, аеробик, бодибилдинг, пливање, јога, пешачење, велосипедизам, брзо одење, ТРХ, зумба и многу други активности.
ПИЛАТЕС
АЕРОБИК
ЈОГА
ТРХ
ЗУМБА.