Еве како Џејмс Макавој тренираше за филмот „Glass“

„Split“ е филм кој стана вистински хит, а ѕведата Џејмс Макавој ги покажа сите актерски таленти така што беа протумачени преку 12 различни личности. Сега во кино салите се прикажува и продолжението на филмот кој го носи називот „Glass“ каде Макавој се појавува со уште поголема и силна физичка форма.
Бидејќи Џејмс не е актер кој во Холивуд е познат по своето тело, многумина се прашуваа како тој успеа да стави маса за релативно краток период и да стане „ѕвер“.
Макавој одговори на прашањата и ги сподели своите вежби на социјалните мрежи. Иако морал да прави доста кардио тренинзи за да го намали нивото на мастите во телото Макавој вели дека овие вежби за сила и зголемување на мускулната маса му биле омилени.
Неговиот тренинг изгледал вака:
Склекови со подигнати нозе 4 сета со 15 повторувања
Бицепс крул 3 сета со 15 повторувања
SkullChrushers вежба – 3 сета со 15 повторувања
По овие вежби се одара 15-20 минути , а потоа продолжува со следните вежби.
Развлекување на сајла -3 сета со 12 повторувања
Трицепс склекови – 3 сета со 15 повторувања
Издржливост во склек – 60-90 секунди.