Експертите откирваат кој вежби шетат на нашето тело

Сепак, сите вежби не се еднакви. Всушност постојат некои кои се многу лоши за вашето тело. Експертите откриле кои потези и справи во теретаната можат да ви нанесат штета на вашето тело.
Можеме да почнеме со справата за чучњеви. Таа создава стрес на вашиот грб и посебно на пршлените и непотребно ги напрега вашите колена. Фитнес ескпертите велат дека подобрo да се прават чучњеви без никаква справа само со тегови зошто така ќе постигнете подобри резултати, без нанесување на штета на своето тело.
Справата за истегнување нозе е омилена на многу луѓе. Сепак не постои функционална бенефиција поради која треба да се користи. Вашите колени не се дизајнирани да носат тежина поради што можете и сериозно да си наштетите. Тренерите велат дека оваа справа треба да се замени со мртво дигање, чучњеви, исчекори и степ-ап.
Кога станува збор за стомачните нема подобра вежба од издржливост, но луѓето сепак користат справи. Тренерите велат дека стомачните мускули не се активираат како треба кога се вежбаат на справа и советуваат да се прави планкт па макар и од само 15 секунди дневно.
Супермен е уште една вежба која мнгумина ја користат дома. За жал, количината на сила и компресијата која се јавува на пршленире не е здрава. Тренерите советуваат дека далеку од добро е да користиме птица пас поза за да ги зацврстиме истите мускули, без многу притисок на грбот.
Последниот совет кои тренертите го поделија со нас, зборува за тоа како не смееме на сила да ги померуваме своите граници. Ако чуствувате болка кога ги правите, морате да ги промените вежбите. Секако ќе ја почуствувате неудобноста и заморот додека вежбате, но болката сепак е сосема друга работа која може да ви направи големи штети.