Есенски топ 10 намирници!

Бобинки, јаболка, круша, сливи, смокви, тиква, млади листови од спанаќ, моркови, пченка, костени… се ова е еднакво во витамините А, Б И Ц, фолацин, цинк, калциум, калиум, железо и се останато што може да се најде во чудотворните мултивитамински таблети.
Но, овочјето и зеленчукот во есента носи многу повеќе.
Ја носи енергијата на сонцето и виталноста, подобро здравје и одличен избор за масата.
Истражувањето на проектот Public Health Nutrition во САД, кое траело 7 години, докажало како луѓето кои конзумираат свежо сезонско овошје и зеленчук имаат помала шанса за срцеви оболувања и рак, судбини кои денес ги доживува секој втор жител на планетата.
Рецепти за долг и здрав живот?
Можеби се наоѓа во овие топ 10 намирници на есента. А, за да не паднеме во замката на предрасудите и да си го олесните изборот- наведени се по азбучен ред.
Бобинки
За бобинките карактеристични се црвени и плави пигменти со исклучително висока антиоксидантска моќ, која содржи витамин Ц.
Ако некоја храна заслужува епитет „еликсир на младоста“- тоа сигурно се овие плодови, често единствени по својот состав.
На пример, малината е најголем значаен извор на елагинска киселина во целина, супстанци што се сметаат за најголеми природни борци против ракот.
Тиква
Обично, токму бојата на тиквата е симбол за есента, која изобилува.
Нејзиното богатство представува исклучителна содржина на б- каротен, портокалов пигмент кој во нашиот организам се претвора во витамин А и служи како антиоксидант.
Во сочното месо уште се наоѓа и калциум, железо, фолати и витамин Ц.
Користењето на тиквата не знае за граница на вкусот: од супа до десерт, од солени деликатеси до слатки колачи, тиквата едноставно ќе прифати секаква комбинација.
Грав
Есента е доба на младиот грав. Како и со јаболката, како што времето одминува и сласта на овие намирници полека опаѓа.
Младиот грав многу полесно се готви.
Гравот одлично се сложува во храната од интегрални житарици со кои дава одличен протеински профил, т.е. богатство со скоро сите витамини Б.
Јаболка
Во јаболката треба да се ужива кога се најсвежи- токму сега, во есента!
Преку зимата и раната пролет, јаболката која е во продавниците, донесена од замрзнувачи, веќе едноставно го нема истиот број на витамини, минерали и сите корисни материи.
Неговата важност на значајната содржина на антиоксидативни материи треба да биде уште поголема, со оглед на тоа дека се работи за најдостапното овошје.
Најновите студии покажале како со конзумирање на барем две јаболка неделно, состојбата на белите дробови се одржува на позитивно ниво, се намалува ризикот од астматичен напад, додека нејзината содржина на пектим делува на намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта.
Круши
Крушите се меѓу овошјата како тиквата: Симбол на есенската жетва. Крушата е една од најбогатите овошја со влакна, односно еден од борците во прв ред за здрави црева и потпора за здрава крвна слика.
Исто така се смета дека е хипералергено овошје, односно спаѓа во храна која најретко предизвикува било каква алегриска реакција.
Затоа и се препорачува како прв овошен оброк кај доенчињата.
Пченка
Врелите костени и топлата пченка не прават горди на есента и нејзините мириси, кои нас.
Пченката е идеален “снак”, нискокалорична житарица богата со влакна и идеален придружник на секое јадење.
Свежата пченка, варена или печена, секогаш е поприфатлива од конзервираната која може да се купува преку целата година, а во која обично се додава шеќер и која е посиромашна на витамини и минерали.
Зелка
Свежа, млада зелка сервирана како салата е одличен извор на влакна и витамин Ц.
Посебна е и по содржината на корисните сулфурни соединенија, а високата количина на калиум делува поволно на болести како што е гихт и реума.
Зелката од дамнина, покрај компирот, била главна храна на нашето поднебје- плод на есента, која како кисела зелка може да се конзумира преку целата година и така да се спречи појава на некоја болест.
Лубеница
Освежителен зеленчук, која веќе се смета за овошје, во својот состав содржи скоро 95% вода. Но тоа не е обична вода.
Витамини, пигменти и минерални материи сконцентрирани во толкава количина вода, прави да се корисни материи за организмот, кој мнгу лесно и брзо ги апсорбира, истовремено надополнувајќи ја течноста заедно со витамини и минерали.
Модар патлиџан
Модриот патлиџан е типично дете на есента, кој е најкорисен ако е од органсо потекло, бидејќи најголем број заштитни материи содржи неговата виолетова кора.
Месото му е богато со влакна, со што поволно делува на состојбата на високиот холестерол во крвта.
Калиумот и манганот го прават добар за одржување електролитска рамнотежа, а одредени материи типични за месото на модриот патлиџан прават да делува антивирално и антимикробно.
Праз
Празот спаѓа во истата група на билки како и кромидот и лукот, кои исто така дозреваат во септември.
Нивното главно својство е да влијаат на намалувањето на лошиот холестерол.
Празот има благ и сладок вкус, а освен хемопротективните материи кои успешно се борат против разни врсти на рак, исто така содржат фолна киселина и минерални елементи.