Жените и оргазмот

Жените најчесто си поставуваат прашања окулу оргазмот, подолу во текстот има некои одговори:
Тешко доживувам оргазам со партнерот
Не е мал бројот на жени што без проблем доживуваат оргазам кога се сами, но со партнерот не можат.
Причина за тоа може да биде срамежливоста или недоволната опуштеност, како и воздржувањето од тоа да му кажете што точно ви се допаѓа.
Тука всушност не се работи за реален проблем, бидејќи со вас очигледно дека сè е во ред.
Единствено што ви недостасува е доверба и отворен разговор на темата за секс.
Најдобар начин да ја решите оваа ситуација е да му кажете на партнерот како се чувствувате.
Ова не само што ќе ви помогне во решавањето на блокадата, туку и ќе ја направи вашата врска поинтимна.
Некогаш доживувам оргазам, а некогаш не. Зошто?
Не постои строго дефинирана причина, но тоа им се случува на голем број жени (иако поретко, им се случува и на мажите, секако).
Расположението, хормонските промени и стресот можат да имаат големо влијание на можноста за постигнување оргазам, бидејќи се мешаат во работата на невротрансмитерите (хемиски „носачи“ на информации).
Постојат повеќе од 50 невротрансмитери во телото и можно е психичката состојба да влијае на нивното функционирање и така да ве спречи да доживеете оргазам.
Во тие ситуации, најважно е да не се нервирате.
Ако направите пауза и едноставно продолжите да се галите и да се бакнувате со партнерот, ќе се опуштите и можеби подоцна ќе бидете во состојба да го доживеете големото „О“.
Глумев оргазми и сега не знам како тоа да му го кажам да партнерот
Некои работи едноставно е тешко да му се кажат и нема начин како да си го олесните тоа, па затоа без премногу размислување – едноставно кажете му!
Објаснете му дека ви е тешко да доживеете оргазам, кажете му кога сте почнале да глумите, како и дека не сте имале никаква лоша намера.
Не се правдајте, раскажете му како стојат работите и објаснете дека тоа е многу почест случај отколку што мажите си претпоставуваат.
Во различни анкети откриено е дека дури 80% од жените глумеле или глумат оргазам, додека најголем број од мажите се уверени дека нивната партнерка секогаш доживува оргазам.
Важно е работата да ја поставите како нешто позитивно во вашето сексуално напредување, а не како критика упатена кон него.
Да бидеме искрени – вината и не е негова, бидејќи тој не можел ни да претпостави што всушност се случува.
И не грижете се ако се налути. Ќе му помине!
Како да доживеам оргазам?
Откријте ја магијата на мастурбирањето. Вежбајте, вежбајте и само вежбајте! Подоцна споделете го со партнерот она што сте го научиле.
Знаете како велат – морате прво да научите да свирите на својот инструмент, пред да му се придружите на оркестарот!
Најважно е да заборавите дека целта ви е оргазмот: истражувајте го своето тело и отркијте што ви се допаѓа, бидејќи сите жени не реагираат на ист начин на стимулацијата.