Зелена диета – овошје и зеленчук за чистење на организмот

Зелената диета е направено врз принципот на лакто-вегетаријанска исхрана за оние кои првенствено сакаат детоксикација и уз пат да симнат на тежина.
Бидејќи е богата со диетални влакна, оваа диета го забрзува варењето на храната и го регулира високиот холестеролот.
Покрај тоа, богата е со витамини и минерали кои се неопходни за силен имунолошки систем.
Видови храна на кои се базира зелената диета се зеленчук, овошје, житарици, компири, ниско-масни сирења и млеко.
Зрнеста храна, како што се грав, леќа и соја ретко се внесуваат и месо, јајца и риба и протеини се забранети.
Тоа е недостаток на оваа диета, бидејќи низок внес на протеини може да доведе до слабеење на имунолошкиот систем и намалување на синтезата на клетките.
Затоа најдобро е да се консултирате со лекар пред да се одлучите за оваа диета и да не ја применувате повеќе од три дена.
Денот е најдобро да се започне со овошје во вид на исцеден овошен сок без шеќер.
За појадок, јадете овошје по ваш избор или мешана овошна салата. Овошната салата е одличен избор за ужина, а да биде повкусна, можете да ја зачините со цимет, нане или морско оревче.
Во текот на утрото од храна треба да земате само овошје.
За време на диетата се препорачува внес на зрна, особено јачмен, просо, пченка, леќа.
Најдобро ќе биде да бидат тоа интегрални житарки, бидејќи кај нив се задржува надворешниот слој кој содржи Б витамини, минерали и растителни влакна.
Житарките даваат најмногу енергија во оваа диета, како и компирите (само варени), и двеве намирници треба да се земаат во сите главни оброци.
Ручекот е најдобро да се започне со сок од свеж зеленчук.
Обавезно како дел од оброкот, користете варен ориз или компири. Можете да ги комбинирате со зеленчук (варени или на пареа) во неограничени количини.
За подготовка, користете само вода, без масло или било која друга маст.
Секој ден, за време на ручекот, послужете голема салата од различни зеленчуци (по избор).
Вкусна комбинација се состои од зелена салата, домати, свежи краставици, морков, зелка, која може да се дополни со парче тост или интегрален леб.
Вечерата, исто така започнете ја со свеж сок од зеленчук.
Не заборавајте на важноста на дневно внесување на свежо овошје.
Многу здрави се бобинките, како малини, капини, боровинки, рибизли, а освен нив и цреши, јаболка, круши, ананас, портокали, лимони, мандарини, киви.
Со бананите бидете внимателни, бидејќи тие содржат повеќе скроб, енергија и калории од другите видови овошје.
Можете да ги јадете, но во умерени количини. Овошјето јадете го со тоа што меѓу овошјето и другите оброци треба да помине најмалку половина час.
Млеко и млечни производи со помалку маснотии (јогурт, кисело млеко, кефир) исто така, јадете ги како посебен оброк.
Понекогаш оброкот може да биде дополнет со свежо сирење или било кој друг вид на ниско-масни сирења. Најдобро да се комбинира со зеленчук, по можност во вид на салата.
Пример за мени
На гладно: една чаша свежо исцеден овошен сок
Појадок: овошна салата со половина лажичка мед
Ручек: една чаша сок од домати, супа од моркови со парчиња тиквички и интегрален ориз, парче тост намачкано со свежо сирење, салата од свежа зелка
Ужина: јогурт
Вечера: чаша сок од морков, марула шопска салата.