ЗЕЛЕНО ПРОТЕИНСКО СМУТИ

Смутито е одличен начин да спакувате хранливи материи во еден вкусен пијалок, но исто така тие се вообичаено полни со овошје што придонесува за внес на многу шеќер во вашата дневна диета.
Овој зелен смути рецепт содржи помалку шеќер од други смутија поради состојките што ги содржи..
Краставицата која овозможува детоксикација на телото, кељот кој содржи растителни влакна и протеинот од сурутка кој е целосно хранлив се составни нутриенти од ова освежително смути кое може да го користите и наместо оброк.
Време на подготовка: 5 минути
Состојки
37 гр протеин од сурутка со вкус на ванила Ironmaxx 100% Whey Protein 2350 гр
1 чаша незасладено бадемово или соино млеко
1 чаша исецкан жив кељ
1 сецкана краставица
1 мало зелено јаболко, олупено и исецкано
1 кафена лажичка сок од лимон
ПОДГОТОВКА
1. Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не се изедначат.
2. Ова смути веднаш можете да го конзумирате.
3. По избор додадете неколку коцки мраз.
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
– 291 калории
– 6 гр масти
– 34 гр јагленихидрати
– 601 мг натриум
– 7 гр влакна
– 23 гр шекери
– 37 гр протеин.