ЗЕЛЕНО СМУТИ

Зимата е зад нас, зачекоривме во пролетта и сите се надеваме на потоплите денови кои ги следат.
Три зборови – здравје во чаша.
Оваа нутритивна бомба ќе ви даде доза на енергија за целиот ден, и ќе ве засити поради мноштво на мононезаситени и полинезаситени масти од авокадо и растителни влакна од јаболката и спанаќот.
И тоа е само дел од нутритивната приказна што ова смути ви ја нуди – тука се и фолната киселина, витамин К, А и Ц, калциум, калиум …. и не заборавајте ги прекрасните заштитни својства на медот.
Уживајте!
Состојки:
• 200 мл млеко 0,5 масленост
• 1 зелено јаболко исечено на парчиња
• 100 гр спанаќ
• пола авокадо
• 10 гр чиа
• 50 мл сок од лимон
• 1 мала лажичка мед
• неколку листови нане
Подготовка:
Млекото, јаболка и спанаќот ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата не згусне.
Додадете го исчистеното авокадо, чиа семето, сокот од лимон и медот, потоа пак блендирајте додека смесата не стане кремаста и послужете ја веднаш.
Можете да ја испиете наутро наместо појадок или во текот на денот како замена за ужина.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 185,6 kалории
Протеини: 10,3 гр
Масти: 1,48 гр
Јаглехидрати: 17,6 гр