Змејско знаме (Dragon flag): Најтешката вежба за камено тврд стомак !

Легендарниот Брус Ли беше и останува поим на сурова енергија, дефинираност и се разбира совршен изразени стомачни мускули по кои и беше препознатлив.
Вежбите кои ги правеше овој мајстор по боречки вештини, често, всушност беа многу пати потешки верзии од стандардните вежби, поради што и беа поврзани со него.
Така беше и со вежбава која асоцираше на него и го доби името ” Dragon flag ” или во превод “Змејско знаме”.
Во суштина, тоа е вежба за јадрото на тело врз основа на лежечко кревање нозе, за која е познато дека е квалитетна и секако доволно тешка за правење.
Сепак, Брус Ли секогаш беше во потрага по уште поголеми предизвици, па оваа вежба ја отежна на начин во кој скоро доаѓаше до Гимнастичка позиција на свеќа, цврсто држејќи го исправено телото, споро спуштајќи го кон клупата, по што би направил нов повторување.
Познато е дека оваа вежба е една од далеку најтешките вежби со сопствената тежина во целина, па ако сакате себе си да се тестирате и да проверите дали сте во близина на едно движење од Брус Ли подолу ви ја објаснуваме оваа вежба и како се изведува познатата вежба змејово знаме.
КАКО СЕ ИЗВЕДУВА “DRAGON FLAG”?
Легнувате на рамна клупа, со рацете свиткани во лактите и се држите од двете страни на клупата во близина на главата.
Од стоечка положба, држејќи го телото колку што е можно на право, плешките користете ги како единствен потпирач и подигнете се до затворање на прав агол во однос на клупата.
Само со успешно извршување на едно повторување на змејско знаме е знак дека вашето тело е во прилично добра форма а изведувањето на десет повторувања е веќе жесток предизвик што води кон изградба на камено тврд стомак.