Зошто витаминот Б-12 е важен за нашето тело?

Витаминот Б12 (кобаламин) е многу моќен и важен витамин кој извршува бројни задачи, со кои го одржува здрав нервниот и крвниот систем.
КОЈА Е НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА?
• го одржува нервниот систем преку учество во создавањето и одржувањето на миелинската обвивка (заштитна обвивка околу секоја клетка). Со тоа се обезбедува брз пренос на нервните импулси;
• обезбедува нормално создавање на црвените крвни клетки.
КОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНО?
Препорачаната дневна доза е 2.4 микрограми на ден и тоа се однесува и на мажите и на жените.
ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Б12?
• РИБА
• СПИРУЛИНА
• ЖИВИНА
• МЕСО
• ЈАЈЦА
• МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
• ЖИТАРКИ
ЗНАЦИ НА НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Б12
Егзема, дерматитис, замор, лоша состојба на косата, слаба меморија и концентрација, анемија, иритираност и тензија.
Покрај тоа, често пати се случува мускулите да бидат меки и да се чувствува болка.
ИСТРАЖУВАЊА
• Се верува дека игра витална улога во создавањето на мозочни трансмитери од типот „се чуствувам добро“. Пред се на допамин и серотонин;
• Помага во поправка на нервните оштетувања од кои патат дијабетичарите;
• Учествува во креирање на позитивен поглед на себе и околината.