Зошто ни се важни морските плодови?

Сите научни студии покажуваат дека жителите на морските региони имаат помалку проблеми со дебелината од континенталците.
Кога ќе стигнеме на море и ќе ги погледнеме локалните девојки се прашуваме каде им е салото?
Како е можно дека тие апсолутно немаат ни грам вишок? Одговорот лежи во фактот дека многу често во исхраната користат морска храна.
Риба и рибни масла, школки, ракови, алги, па дури и морска сол, имаат повеќе струка корист во човечката исхрана.
Рибата ги содржи сите есенцијални амино киселини како и другото месо, но разликата е во тоа што риба во својот состав нема заситени масни киселини штетни за здравјето на луѓето.
Протеините кои ги содржат рибата имаа повеќе струка корист за човечкото тело. Не постои ниту една амино киселина, корисназа човечкиот организам, а да не се наоѓа во рибите.
Од друга страна сите заситени масни киселини, кои се многу штетни за здравјето на луѓето нема да ги најдете во рибата.
Повеќето луѓе кои не се баш симпатизери на риба велат дека причина е рибиното масло, кое има непријатен вкус.
Мирисот на рибино масло сигурно повеќе одбива отколку што привлекува, но кога би знаеле колку е корисно не би мислиле така.
Нутриционистите се согласуваат во мислењето дека кога би знаеле колку рибите се здрави и дека тој неугоден мирис на рибиното масло, всушност треба да не привлече а не да не одбие.
Рибиното масло е многу корисно како заштитник од многу болести како артритис, атеросклероза, болести на крвните садови итн.
Како една од најздравите состојки во рибата се омега-3 масните киселини.
Овој вид на киселина содржи линолова киселина (АЛА), еикозапентанонска киселина (EПА) и докозахексаенска киселина (ДХА), трите најважните форми на киселина потребни на човекот.
Овие киселини се многу важна состојка во борбата против астма, артритис, болести на срцето, мозочен удар и други слични болести.
Покрај рибите многу здраво за здравјето на луѓето се и раковите и школките.
Овие два типа на морска храна некогаш биле служени исклучиво во ресторани и хотели од највисока категорија.
Сепак во последниве години ситуацијата се смени многу, па поради тоа се зголеми свеста на луѓето за користење наракови и школки, оваа морска храна може да се најде во повеќето кујни, па дури и во некои од помалите ресторани.
Најголемата причина поради која овие два вида на морски плодови се пробија на пазарот е фактот дека се подготвуваат на многу едноставен начин, имаат одличен вкус и што е најважно имаат многу здраво влијание врз здравјето на луѓето.
Овој вид на морска храна е богата со минерали.
Ситуацијата со алгите во минатото била потешка. Алгите веќе долго време се составен дел на Источната кујна, па дури и во САД немале свое место.
Сепак една медицинска студија од пред една деценија покажа дека Јапонците, кои често јадат алги, имаат многу пониска стапка на болести од карцином отколку Американците. Тоа беше едноставно наречена: “револуција на алги”.
Морската сол е исто така многу здрава. Морската сол содржи во себе еднаков однос на натриум и калиум, додека обичната кујнска сол само чист натриум.
Затоа е важно да користите во исхраната морски плодови. Медицината вели дека најмалку двапати неделно во менито треба да конзумирате некој вид на морска храна.