Зошто рибата е здрава ?

Сеуште премалку ја јадеме рибата: Колку често треба да биде на нашето мени и која риба да ја избереме? Овде ќе се обидеме да одговориме на сите прашања поврзани со рибата и морските плодови.
Рибата е повеќекратно корисна за нашиот организам?
Не само што повеќекратно содржи незаситени маснотии, кои се драгоцени сојузници во борбата против кардиоваскуларните заболувања, борбата против стресот и подобрување на концентрацијата, туку претствува и богат извор на минерални соли.
Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната содржи нешто помалку натриум и јод.
Сите видови риби ги содржат витамините B1, B2, B6 и B12, драгоцени за правилна работа на нервниот систем.
Рибата е богата со калциум, но тој воглавно е сконцентриран ви крлушките. Затоа е корисно од време на време во менито да ја уфрлиме и ситната риба која се јаде цела.
Дали е точно дека сите риби се немасни?
Процентот на маснотиите варира од вид до вид, а на негов основа се разликуваат немасни риби, со помалку од 2% на липиди (како бакалар, ослич, панга и сл.) малку масни, со 2-5% (аншоа, платика, сардина, пастрмка) полумасна која има од 5 до 10% липиди (ципура, сабјарка, туна, колеранг) и масна риба со над 10% (лосос, скуша, јагула).
Дали треба да ги избегнуваме масните видови на риби?
Не, бидејќи се богати со со масните киселини омега 3, кои имаат големо влијание на телесните функции.
Неодамна едно американско истражување покажа дека редовно консумирање на риба може да го намали ризикот од инфаркт дури за половина.
Освен тоа, најверојатно е дека постои врска помеѓу консумирање на риба богата со омега 3 и депресијата: некои истражувања извршени на познатото списание Лансет, покажале дека маснотиите во рибата помагаат да мозокот подобро го користи серотонинот, хормон кој позитивно влијае на расположението.
Дали плавата риба е добар избор?
Да, и тоа поради повеќе причини.
Пред се скушата, сардините и сарделите претставуваат одличен извор на протеини и омега 3 масни киселини, и се во помала мерка изложени на ризик од загадување со метали кои се присутни во морската вода.
Причина за тоа се нивните мали димензии, заради кои немаат можност за голема акумулација на штетни материи.
И на крајот, поголема е веројатноста дека овие видови ќе бидат свежи бидејќи многу брзо после уловот доаѓаат во продажба.
Дали е подобра рибата уловена во море или онаа израсната во рибник?
Подобро е да не претеруваме со консумирање на одгледувана риба: таа се гои за побрзо да порасне но исто така помасна е од примероците од истиот вид уловени во нивнат природна средина.
Пример? Гоена пастрмка содржи 4,1% маснотии, наспроти 3% колку има дивата. Кај угоениот бранцин количината на маснотии може да биде дури и трикратно поголема.
Сепак, со оглед дека се работи за поткожни маснотии, доволно е рибата да ја испечеме или во рерна или на скара и на тој начин да се ослободиме од вишокот на липиди(или калории).
Како да разликуваме гоена риба од уловена на отворено море?
Прв показател е цената: гоената риба во просек е 30% поевтина.
Освен тоа обрнете внимание на целата понуда: ако е сета риба иста големина, значи е гоена.
Рибите уловени во море се со различни големини.
Дали смрзнатата риба е помалку вредна од свежата?
На добро опремените рибарски бродови рибата се обработува за процесот на замрзнување веднаш по ловењето.
Додека бродот се врати на пристаниште на рибата и се вади главата, се вади внатрешнината, се чистат и потоа се ставаат во ладилник.
Од нутриционистички аспект, замрзнатата риба ги има истите нутритивни вредности како свежата само што не е толку вкусна.
Кои се правилата при чување на рибата?
Ако рибата е навистина свежа најдобро е да се јаде истиот ден кога е купена. Но, сепак тоа не е безусловно: ако се чува на соодветен начин, рибата може и следниот ден да задржи непроменливи нутритивни вредности.
Доволно е да биде херметички затворена и во ладилник, по можност да не е во контакт со други продукти, кои можат да влијаат на нејзиниот вкус и мирис.
Доколку немате намера да ја консумирате истиот ден, исчистете ја и складирајте ја во ладилник, по можност затворена во кеса за замрзнување.
Морските плодови имаат исти прехранбени вредности како рибата?
Од нутриционистички аспект, морските плодови содржат прилично голем процент на белковини (иако во нешто помала количина во однос на месото или плавата риба), содржат и значителна количина на колаген и железо, кои можат да го отежнат џвакањето или варењето на храната.
Затоа пожелно е да се консумираат во мали количини, еднаш или двапати неделно, имајќи на ум дека благодарение на нивните прехранбени карактеистики, можат да бидат вклучени и во диетална програма.
Какви проблеми може да предизвика сировата риба?
Денес е во мода да се јаде сирова риба и школки, па затоа тие можат да бидат носители на вируси кој предизвикуваат дигестивни проблеми.
Nо можат да бидат носители и на листерија, микроорганизми кои се размножуваат кога хигиенските услои и температурата на конзервација на рибата не се соодветни.
Листеријата може да предизвика гастроентеритис.
Но, стоена риба не е тешко да се препознае бидејќи има силно непријатен мирис, кој е последица на трансформација на белковините, објаснува Випнет.
Дали лимунот е доволна дезинфекција?
Неколку капки лимун врз рибата или школките се корисни, но вистинска маринада (да се остават покиснати во лимунов сок 15 минути и подолго) уште позначително го намалуват површинскиот талог на бактериите.
Во секој случај, најдобро е кога плодовите ги јадеме варени: 10 мин е доволно да се отстранат барем бактериите на површината на школките.