Зумба танцот – најдобра вежба за тело !!

Сега веќе нема потреба да правите заморни и здодевни вежби за да изгубите тежина, сега можете да танцувате за да дојдете до витка линија.
Танцот е најдобра вежба за вашето тело, а зумбата е еден од најдобрите танци за губење тежина.
Зумбата е латино-танц со кој правите некои многу ефективни аеробни вежби.
Еве некои од причините зошто зумбата се смета за добар начин за губење килограми.
Согорување калории
Со зумбата се губат килограми затоа што се согоруваат многу калории. Тоа е брз, привлечен и ритмички танц.
Во просек едно зумба-танцување помага да изгубите барем 500 до 800 калории.
Дејствува како вежба за дишење
Зумбата спаѓа под категоријата аеробик.
Како што правите аеробни вежби со зумба, тие ви помагаат длабоко да вдишете и со тоа да губите тежина.
Исто така се зголемува и моќта на белите дробови.
Ги дефинира мускулите
Освен што ви помага да изгубите тежина, зумбата влијае на секој дел од вашето тело и ги дефинира сите мускули.
Приспособена е на сите
Повеќето танц-вежби не даваат резултати кај сите. Танцот ќе ви помогне да ја изгубите тежината во целост.
Но вежбањето може да ви помогне да изгубите тежина на одредени места, како на вашата половина, лицето или на задникот.
Овој проблем е решен во форма на зумба-танц.
Совети за почетници:
1. Танцот е групна активност, а вие ќе се забавувате само кога ќе го правите тоа со повеќе луѓе.
Затоа не одете на часови со личен тренер.
2. Зумба-танцот е облик на вежбање како и секој друг.
Затоа ако имате какви било посебни здравствени услови, советувајте се со лекар пред да ѝ се придружите на групата.
3. Морате да вежбате зумба најмалку 45 минути за да имате резултати. Сè што е помалку од тоа е само загревање.