З знаци што ве алармираат дека бирате погрешни мажи

Ако сте во раните триесети години и притоа, се уште не сте во врска, сигурно ви е веќе мака од разни „стручни“ совети како да најдете партнер.
Веројатно веќе сте слушнале дека ако сакате да го запознаете оној „вистинскиот“, мора постојано да се движите и да запознавате луѓе, па и потенцијални партнери.
За жал, ова е само одраз на модерната култура која зборува дека состаноците се всушност игра на бројки и дека количината неминовно раѓа квалитет.
Ова не е добро правило, особено кога станува збор за запознавањето со мажи.
Дали, покрај притисокот заради тоа што не сме во врска, ни е потребна и стресната помисла дека мораме постојано да излегуваме со мажи?
Ако сте од оние кои постојано се гледаат со различни мажи, веројатно верувате дека е тоа подобро отколку да не правите ништо во врска со тоа.
Можете дури и да помислите дека губите време ако не излегувате доволно. Ако е така, можеби имате проблем.
1. Состанок со било кој
Ако е тоа случај со вас, вие излегувате со погрешни мажи.
Поминувате скапоцено време со личности со кои немате ништо заедничко.
Ако излегувате со многу различни мажи, можете да останете со скршено срце, затоа што многу лесно може да се случи да се вљубите во некој само затоа што се нашол тука, а всушност не е за вас.
Трошите скапоцена енергија на врски кои се осудени на пропаст.
2. Страв од самотија
Стравот од осаменост претставува добра мотивација често да излегувате со мажи.
Ако не го совладате стравот, тоа може да ви го уништи љубовниот живот.
Вам ви е очајнички потребно вниманието од други мажи само за да побегнете од себеси и од своите мисли и многу лесно може да ви се случи навистина да претерате со излегувањата.
3. Состаноците односно рандевуата ги сваќате како обврска
Дали во еден ден сте договориле состаноци со тројца различни мажи? Тие ќе забележат во еден момент дека не им посветувате внимание.
Како и да не забележат? Додека сте на првиот состанок, размислувате за вториот, а на третиот веќе ќе ги изгубите сите конци.
Нашиот мозок не функционира така.
Потребно е внимание и време за да поминете квалитетно време со некоја личност.
Вашите излегувања со разни мажи ќе изгледаат како деловни состаноци ако договорите премногу.
Секако, не можете да очекувате дека господинот „Вистински“ самиот ќе ви чукне на врата.
Но мора да постои баланс. Тоа не е игра на бројки и квалитетот мора да однесе победа над квантитетот.
Не се плашете да забавите. Дајте си повеќе време и внимателно одбирајте со кого излегувате.