Изберете фитнес дисциплинa според животниот стил

Не заборавајте дека физичката активност и редовното вежбање се многу важни за вашето здравје, убав изглед, виталност …
Па затоа потрудете се и најдете време за вежбање.
Вреди да се потрудите, а ние ќе ви помогнеме во тоа со неколку предлози и корисни совети.
Пилатес и јога за вработените
Дома доаѓате по напорниот ден и уморени сте од работата. Во тој момент посакувате само да се фрлите во кревет и да се убаво одморите.
Сепак, не бидете мрзливи, туку спакувајте ги опремата во торбата и одете во фитнес центар, на пилатес или јога.
Ќе успеете да ги опуштите мускулите и ќе се почувствувате поздраво и поубаво.
Комбинирајте ги динамичните вежби и медитацијата и сигурно повеќе ќе ви одговара отколку да лежите во креветот.
Совет – доколку имате проблем со рбетот, пред да почнете со вежбите консултирајте се со доктор.
Личен тренинг за мрзливите
Најверојатно секој ден си зборувате себеси – од утре почнувам да тренирам, а тоа никако да се случи.
Доколку не сте доволно мотивирани или мрзливи, најдобро ќе се вратете во форма ако вежбате со личен тренер.
Така ќе имате обврска кон себеси, кон тренерот и кон сопственото тело.
Совет – Разновидните вежби со личниот тренер сигурно ќе ја засили Вашата желба да се занимавате со спорт. Обидете се!
Аеробик и зумба за хиперактивните
Доколку не Ве држи местото и секогаш сте во движење, тогаш Ви ги препорачуваме сите врсти на аеробик или зумба.
Направете комбинација на посилни кондициони вежби како што се степ – аероби или тренинзи со послаб интензитет во што спаѓаат вежби за истегнување и релаксација.
На овој начин ќе ги активирате сите мускули, а потоа ќе можете да се одморите.
Совет – Не заборавајте во текот на тренингот да пиете вода. Пола литар вода за 30 минути вежбање ќе биде сосема доволно.
Фитнес за сите !!
Фитнесот е одличен за сите категории на луѓе. Посетете го најблискиот фитнес центар барем 2 до 4 пати во седмицата.
Таму имате стручни тренери кои ќе ви помогнат да симнете на килажа или да ставите акцент на оние делови од телото што ви се критични.
Совет – Не заборавајте во текот на тренингот да пиете вода. Пола литар вода ќе биде сосема доволно.